Imperijalizam (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Imperijalizam (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
ШТИП
-Правен факултет-
СЕМИНАРСКИ ТРУД
Историја на право
ТЕМА
Империјализам
Изработил: ДАТА
Бр. на индекс:
Ментор:
СОДРЖИНА
Државното уредување во фазата на империјализмот.....3
Уставни монархии.........................................................4
Држави со републикански облик на владеење...........6
Локалната управа во фазата на империјализмот.............8
Извори на правото..............................................................9
Основни црти на гранките во правото во фазата на империјализмот................................................................10
Граѓанско право...........................................................10
Кривично право............................................................12
Организација на судството и судската постапка.......13
Државното уредување во фазата на
империјализмот
За разлика од либералниот период, во империјализмот основна карактеристика на буржоаските држави, барем на оние најразвиените, е таа што тие од либерализам во политичка смисла преминуваат на империјализам, како што во економска смисла од индустриски капитал минале на финансиски или монополистички капитал.
Истакнувајќи ја понатаму разликата меѓу политичкото уредување на фазата на либерализмот и империјализмот, нагласуваме дека во либерализмот често доаѓало до промена на обликот на владеење во одделни земји, поради незавршените буржоаски револуции ( во Франција, Англија и др. ), додека во империјализмот во повеќето земји такви промени нема, туку за подолго време, а некаде и до денешен ден се зацврстил определен политички систем.
Крупните промени во економската и општествената структура условуваат и некои нови појави што доаѓаат до израз во политичкото уредување на развиените држави. Така империјализмот и монополистичкиот капитализам на внатрешен план доведоа до јакнење на реакционерните сили и до слабеење на влијанието на буржоаско – либералните партии и групи. На сите можни начини е разгоруван шовинизмот и национализмот. Прогресивните буржоаски концепции во политиката, филозофијата и науката се повеќе се истиснувани со реакционерни и декадентни.
Во политичка смисла доаѓа до поголемо напуштање на буржоаската демократија. Формите на буржоаскиот парламентаризам во многу земји се истиснати, а диктатурата на буржоазијата станува се поочигледна. Но во низа држави, без оглед на обликот на владеење, и понатаму преовладува парламентаризмот кој се манифестира во повеќе варијанти. На пр. британскиот парламентаризам кој постои во земјите на Комонвелтот, потоа парламентаризмот на скандинавските земји и во земјите на Бенелукс кои, со исклучок на Финска, имаат монархиски облик на владеење и на крај парламентаризмот на средноевропските земји ( Франција, Италија, Германија, Австрија ).
Потребите на империјализмот предизвикуваат менување на политичката и правната надградба, која за почеток на капиталистичкиот поредок беше релативно демократска, зашто на системот на слободната конкуренција му одговара демократијата, а на монополизмот јакнењето на реакцијата. Сојузот на финансискиот капитал и државните влади станува сосем очигледен и низ лично испреплетување. Секојдневна појава е претставници на големите монополи да доаѓаат на чело на министерствата, а министрите што отстапуваат стануваат раководни функционери на големите банки и трустови.Улогата на парламентот се повеќе се намалува и доаѓа под се поголемо влијание од владата.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET