Ideja za eu ustav (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Ideja za eu ustav (makedonski)". Rad ima 20 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

 ВОВЕД
Правото на Европската унија(во историјата познато како Правото на Европската заедница) е тело на договори, закони и судски пресуди кои функционираат паралелно со правниот систем на секоја земја-членка на Европската унија.
Примарниот извор на законодавството на ЕУ се нејзините договори. Овие договори и даваат моќ на ЕУ да поставува широко политички цели и да формираа иснтитуции кои, меѓу другото, усвојуваат закони за остваравање на тие цели. Законодавните акти на ЕУ имаат две форми: регулативи и директиви. Регулативите добиваат правно значење во сите земји-членки тогаш кога ќе стапат на сила, без обврска за спроведување на било какви мерки со цел автоматски да се избегнат конфликтните домашни одредби. Директивите бараат секоја земја-членка да постигне одредени резултати допуштајќи им право сами да го изберат начинот за тоа како да ги постигнат резултатите. Деталите за тоа како тие се спроведуваат им се препуштаат на земјите-членки. Законодавството на ЕУ произлегува од одлуките донесени на ниво на ЕУ, иако во голема мера тоа се случува и на национално ниво. Според тоа, принципот на еднаквост е централна тема во донесувањето на сите одлуки од страна на Европскиот суд на правда кој има за цел да обезбеди примената и интерпретацијата на законодавството на ЕУ да не се разликува меѓу земјите-членки.
Историја на настанување
Развојот на правото на Европската заедница е во голема мера моделирано од страна на Европскиот суд на правда (ЕСП). Всушност, во пресвртниот случај на Ван Генд ен Лос во 1963 година, Европскиот суд на правда пресуди дека Европската заедница, преку волјата на земјите-членки изразена во Договорот од Рим, „претставува нов правен поредок на меѓународното право со кој земјите-членки ги ограничуваат своите суверени права, секако, во рамките на одредени полиња.“ Разликата помеѓу правото на Европската заедница и правото на Европската унија се заснова врз структурниот договор на Европската унија. Европската заедница претставува еден од „трите столба“ на Европската унија и се занимава со социјалните и економските телеми на единствениот пазар. Вториот и третиот столб беа создадени со Договорот за Европската унија (Мастришкиот договор) што доведе и до појава на Заедничката политика за безбедност, одбрана и внатрешна безбедност. Процесот на донесување одлуки во вториот и третиот столб не е предмет на мнозинско гласање во моментов. Со Мастришкиот договор, се создаде и третиот столб наменет за правда и внатрешни работи. Следствено на тоа, со Амстердамскиот договор, областите како нелегална имиграција, визи, азил и судска кооперација беа префрлени во Европската заедница (првиот столб). Сега, третиот столб е полицијата и судската соработка во областа на кривичните прашања. Правдата и внатрешните работи, сега се однесуваат и на областите кои се пренесени на ЕЗ и на третиот столб. Некои начела како што се супсидијарност, пропорционалност, принципот на пренесување и принципот на правна сигурност станаа познати во развојот на правото на Европската унија. Научниците, како што е Кетрин Бернанд, тврдат дека четирите слободи го формираат материјалното право на ЕУ: слободно движење на добра, услуги, капитал и труд во рамките на внатрешниот пазар .
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET