Filozofija na pravoto (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Filozofija na pravoto (makedonski)". Rad ima 32 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Copyright Тасковска, 2010. Сите права задржани но дозволено умножување за студентите од генерацијата 2010/11, под услов цената на примерокот да соодветствува на цената на самото умножување.
Проф.д-р Добринка Тасковска
ФИЛОЗОФИЈА НА ПРАВОТО
ПОСТМОДЕРНИ И СОВРЕМЕНИ ТЕОРИИ ЗА ПРИРОДНОТО ПРАВО (продолжение)
Авторизирани предавња (одржани со 1,4 и 6та група, ноември 2010 година)
Задолжителна литература
Џон Ролс (John Rawls, 1921-2003)
Џон Ролс е еден од најпознатите претставници на правната и политчката филозофија во втората половина на 20-тиот век. Тој е исклучително плоден автор но сепак негово најпознато дело е Теорија на правдата (Theory of Justice). Со оглед на начинот и времето на појавување на првите споменувња на Ролс во македонскта правна наука, Ви обрнуваме внимание на “квалитетот„ на „обидите„ (дури и името му е погрешно цитирано– Роулс а Theory of Justice е преведено како Теорија на справедливоста!!!). Во прилог на претходното предавање Ви е поместен кус извадок во оргинал од Теорија на правдата заради изворно запознавање со идеите на Ролс, подготовка за ова преавање а и многумина студенти го искористија како можност за изработка на квалитетни истражувачки задачи.
Ролс по цели два века е теоретичарот којшто на сцена ја враќа ПРАВДАТА како основна вредност, цел и смисла на сите социјални институции, вклучително и правото. „Правдата е првата доблест на социјалните институции, исто како што вистината е со слично значење за мисловните системи. Колку да е елегантна и економична една теорија мора да биде отфрлена или преиспитана ако е неточна; аналогно на тоа законите и институциите, дури и да се ефикасни и добро уредени, мора да бидат реформирани или укинати ако се неправедни„ (Ролс, Теорија на правдата,). Според Ролс, правдата се дефинира како правичност (justice as fairness). Најтешкото прашање – утврдување на праведноста/неправедноста на правото и помирувањето на потребата од правда со потребата од истовремена реализација на други вредности, Ролс го решава на оригинален начин. Имено, тој (наједноставно објаснето) го воведува концептот на превез на незнаење (veil of ignorance) во смисла што рационалните луѓе (а човекот е рационално суштество) треба при определувањето на праведноста на одредено правило или однесување да се апстрахираат од двоите конкретни интереси и потреби и да одлучуваат како да се работи за некој друг, без никаков нивен сопствен интерес. Тоа е тешка задача но само на тој начин може да се достигне основната вредност на социјалните институции – правдата. Во распределбата на ресурсите во едно општество, мора да се пронајдат правила за минимум праведност во таа распределба бидејќи само на тој начин општеството ќе се развива во правец на материјална и дуовна благосостојба.
Во учењето на Ролс постојат два неодвоиви дела – политичкиот либерализам и правдата како правичност. Токму учењето за социјалната правда има за цел да ги помири идеалот на слободата со идеалот на еднаквоста што не е е воопшто лесна задача.Имено, во многу ситуации мора да се даде предност на една од овие вредности (слобода или еднаквост) односно остварувањето на една од овие вредности да води кон запоставување на другата вредност.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET