Evolucija na institucionalnata struktura na Evropskata Unija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Evolucija na institucionalnata struktura na Evropskata Unija (makedonski)". Rad ima 17 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

 Универзитет "Св. Климент Охридски
Битола
Правен факултет Кичево
(Дисперзирани студии Битола)
Предмет: Право на Европската Унија
Тема: Еволуција на институционланата структура на Европската Унија
Изработил: Професор:
Иваноски Ѓорија Проф.д-р Татјана Петрушевска
91/Б
Содржина :
Вовед..........................................................................................................................3
Историја и Основање на институциите .............................................................5
Измени во институционалниот систем...............................................................6
Политички институции..........................................................................................7
Неполитички институции.....................................................................................10
Пропратни тела и агенции....................................................................................10
Локации на институциите на ЕУ.........................................................................11
Заклучок .................................................................................................................. 13
Користена литература ........................................................................................... 16
Вовед
Обидите за обединување на различните европски народи им претходат на модерните држави; тие постојано се случувале во историјата на континентот. Пред 3.000 години со Европа владееја Келтите, а потоа неа ја освои Римската империја. Овие рани обединувања беа создадени преку сила. Царството на Франките на Карло Велики и Светото римско царство стотици години обединуваа големи области под лабава власт. Понеодамна, царинската унија на Наполеон на почетокот од 19 век и освојувањата на нацистичка Германија во 1940-тите имаа само минлива природа.
Имајќи ја предвид хетерогениот збир на јазици и култури во Европа, овие обиди обично вклучуваа воено потчинување на народи кои не сакаа да бидат под дадената власт, што од своја страна водеше кон нестабилност. Еден од првите предлози за мирно обединување преку соработка и рамноправност на членките го даде познатиот француски писател Виктор Иго во 1851. По катастрофите од Првата и Втората светска војна, во голема мера се зголемија стремежите за основање на (она што подоцна стана) Европска Унија, поттикнати од желбата за обнова на Европа и за отстранување на можноста од нова војна на европскиот континент. Ова расположение водеше до основањето на Европската заедница за јаглен и челик од страна на СР Германија, Франција, Италија и земјите од Бенелукс. Ова беше направено преку Договорот од Париз, кој е потпишан во април 1951, а стапи во сила во јули 1952.
Првата целосна царинска унија изворно беше позната како Европска економска заедница (во Британија неформално нарекувана “заеднички пазар”) и беше основана со Договорот од Рим во 1957, а стапи во сила на 1 јануари 1958. Таа подоцна беше променета во Европска заедница, која сега го претставува “првиот столб” на ЕУ. Така, со текот на времето, ЕУ еволуира од трговско тело до економски и политички ентитет.
Европската унија е повеќе од конфедерација на земји, но не е федерална држава. Таа е нешто ново и единствено. Земјите членки во Унијата пренесуваат дел од својот национален суверенитет на заедничките институции кои ги претставуваат не само интересите на одделните земји туку и нивните заеднички интереси. Прописите заедно со политиките на ЕУ се резултат на одлуките што ги носат трите најважни институции:
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET