Voved vo pravo (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Voved vo pravo (makedonski)". Rad ima 103 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет ״св. Климент Охридски״ – Битола
״ ВОВЕД ВО ПРАВО ״
Авторизирани предавања
Битола 2010
ПРЕДГОВОР
Предметот Вовед во правото како наставно – научна дисциплина представува задолжителен предмет на правниот факултет, застапено со четири часа предавања и еден час вежби седмично.
Материјата во ракописот “Вовед во правото” е структуирана во дванаесет тематски подрачја и тоа почнувајќи со поимот на општествените норми во најопшта смисла на зборот, за нивната незаменлива улога и значење во настанувањето и развојот на опшествената заедница на луѓето во целина.
Втотото тематско подрачје е посветено на елаборирање на категоријата “право” детерминантите кои го определуваат правото како истриско, објективна и општествената категорија, со посебен акцент на неговата улога во остварувањето на општите опшествени интереси.
Третото тематско подрачје “видови на системи на правото” се обработени главните белези и карактеристики на Европскиот континентален систем, Англо-санксонскиот систем и системот на исламското право.
Четвртото тематско подрачје ги обработува сите сегменти на поимот на правни акти, содржината и елементите на правните акти, видовите на правните акти и нивната поделба на општи и поединечни.
Петтото тематско подрачје ги опфаќа прашањата поврзани со изворите на правото и нивното појмовно и содржинско диференцирае на материјални и формални извори на правото како и останатите видови на извори кои имаат соодветно значење во примената на правото.
Шестото тематско подрачје е псветено на категоријата правни односи и нивната специфичност во однос на останатите опшествени односи, елементите на правните односи како и нивната содржина.
Седмото тематско подрачје “правна ситуација” со пооделни обработки на правни факти, нивното значење при примената на правото.
Осмото тематско подрачје “застареност и одржувачка” главно се обработуваат прашањата од гледна точка на нивното општо значење што тие го имаат во доменот и примената на правото.
Деветото тематско подрачје “примена на правото” обработува прашања од аспект какво значење има нивната примена во практиката, посебно позитивното право односно правото кое се применува по време и простор.
Десетото тематско подрачје означено како “законитост” обработува прашања поврзани со правната сила на правните акти, правните средства, санкции поради незаконитост на актите, правосилност и извршност на правните акти.
Еднинаесетото тематско подрачје “толкување на правото” содржи елаборирани прашања од аспект на неговото значење, видови и органи кои го вршат тоа толкување.
Дванаесетото тематско подрачје обработува прашања од аспект на воспоставените односи помеѓу државата и правото.
Заедничко обележје на сите наведени подрачја, според мислењето на авторот е тоа што истите заокружуваат една материја од организационо-нормативната свера на оваа гранка на правото. Се разбира можни се и одредени недоречености, пропусти па и слабости.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET