Vidovi partii vo evropa (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Vidovi partii vo evropa (makedonski)". Rad ima 22 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет „Св.Климент Охридски“
Правен факултет-Кичево
Дисперзирани студии-Битола
Семинарска работа по предметот:Политички систем
Тема:Видови партии во Европа
СОДРЖИНА
Вовед...................................................................................................................3
„ЕВРОПСКА НАРОДНА ПАРТИЈА...........................................................4
ОДС и европската интеграција.....................................................................6
Партијата „Пур ун мувемент популер“.......................................................8
Христијанско конзервативнатапартија„ПартидоПопулар“...................9
„СОЦИЈАЛ-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА ЕВРОПА“.....................12
Лабуристите и следното проширување......................................................14
„УНИЈА ЗА ЕДНА ЕВРОПА НА НАЦИИТЕ“.........................................16
„ЗЕЛЕНИ“ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ........................................18
Заклучок............................................................................................................21
Користена литература....................................................................................22
ВОВЕД
Додека здруженијата го организираат граѓанинот во неговите различни улоги, партиите му се обраќаат во неговата опсежна одлика како одговорен граѓанин и учесник во сувереноста на народот. Ниедна модерна репрезентативна демократија не може да се откаже од постоењето и активноста на политичките партии . Тоа важи и покрај широко распространетата наклонетост против сето она што е политичко, против партиските караници и партиско-политичките дејства . Оној што сака да се најде над партиите и да каже дека се води само и единствено од »државно-политичките потреби «, тој по правило се лаже себеси и другите со тоа што претставува сопствени гледишта за политиката како истекување на чиста стручност, истовремено обидувајќи се ставовите на другите да ги дискредитира како »партиска политика « или »идеолошки «. Овој надпартиски став е, според познатите зборови на Густав Радбрух, »животната лага на државата на големите«.
Бидејќи во одлучувачките политички прашања секогаш се работи за акции насочени кон иднината, кои по правило не се совпаѓаат со јасните пресметки, по политичките прашања ретко постои еден јасен , едноставен одговор, туку по правило оправдана караница меѓу партиите, од кои секоја на свој начин и според свои принципи сака да го достигне доброто на заедницата . И кога работата за која треба политички да се одлучи, според општото убедување е неполитичка, решението на тоа прашање често ги засега интересите на една избирачка група повеќе од оние на други групи, така што уште редоследот на решавање на задачите, колку и да е неполитички, може да е насочен кон интереси, затоа се оспорува . Затоа е неизбежно учество во партија.
Партиите се слободни здружувања на граѓани, кои се истомисленици и кои д аваат програмски предлози за решавање на политички проблеми и поставуваат кандидати за парламентарни мандати и владини служби, со цел по успешните избори да ја спроведат нивната програма во реалноста. Притоа одлучувачки за една слободна демократија е тоа што уште основањето и формирањето на политичките партии мора да е слободно, иако веќе постоечките партии со сите сили се обидуваат да го отежнат појавувањето на нова конкуренција.Наспроти здруженијата, кои според уставните прописи само се обидуваат да извршат влијание врз дејствувачките носители на власта, партиите се стремат кон тоа да ги зафатат и преземат владините служби во сојузот, државите и општините . Тие ги постауваат кандидатите за парламентарните избори, од нивни редови се бираат владините членови . Затоа претставуваат неизбежна спојка меѓу народот и репрезентантите.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET