Vidovi izvori na pravoto na evropskta unija (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Vidovi izvori na pravoto na evropskta unija (makedonski)". Rad ima 17 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет „Св.Климент Охридски“
Правен факултет-Кичево
Дисперзирани студии-Битола
Семинарска работа по предметот:Меѓународно право
Тема:Видови извори на правото на европската Унија
Ментор: Изработил:
СОДРЖИНА
Вовед...................................................................................................................3
Видови извори на правото на Европската Унија......................................4
Правен систем и правни правила ...............................................................10
Примарни извори на правото на Европската Унија................................12
Акти на институциите....................................................................................14
Заклучок...........................................................................................................16
Користена литература...................................................................................17
ВОВЕД
Гледано од историска и временска перспектива, очигледно е дека равојот на Европската заедница и нејзиниот интегративен процес нераскинливо е поврзан со правниот систем, изворите и видовите на правото. Оттука, серијата основачки Договори претставуваат креатори на системот со кој се дефинира суштината на правото во целина. Во основа, валидностa на правниот систем зависи од Договорите, а валидноста на Договорите зависи од меѓународното право.
Правото на Зедницата е потсистем на меѓународното право. Сепак, ако група на земји членки склучат Договори за уредување на односите во одредена област, меѓународното право во својата правна рамка им дозволува да создадат нов правен систем којшто е самодоволен и издвоен од меѓународното право.
Во праксата, вообичаените правила на меѓународното право не мораат секогаш да се применуваат во рамките на тој систем, па оттука следува дека Договорите на Заедницата и не мора секогаш да се толкуваат на начин на кој се толкуваат вообичаените меѓународни договори.И покрај фактот дека Договорите на Зедницата според меѓународното право претставуваат договори, сепак тие имаат специфичен карактер. Оттука следува дека тоа се договори со кои се создава нова меѓународна организација од супранационален вид. По својата правна природа, Договорите создаваат нов правен систем. Поради оваа причина, договорите може да се сметаат за некој вид устав, иако овој термин не треба да го доведе до прашање нивниот статус на меѓународни договори. При анализата на правото на Зедницата според неговите извори, најзначајно е да се направи разграничување помеѓу формално создадено право и правото што не е формално создадено во некоја формална процедура.
Формално/неформално право
Формално создаденото право е креирано од некој орган на власта а формално не-создаденото право е она право коешто не е создадено на овој начин. Формално создаденото право на Заедницата може да биде утврдено од институдија на Заедницата или од земјите членки. Помеѓу актите на институциите на заедницата и актите на земјите членки постои разграничување. Во овој контекст, значајно е да се потенцира дека Советот како најзначајна институција на Заедницата е составен од претставници на земјите членки, па така неговите акти се акти на Заедницата а не акти на на земјите членки.
Неформално создаденото право
Неформално создаденото право на 3едницата се состои од таканаречените „Ошти правни принципи - Common law" на Заедницата, утврдени од страна на Европскиот суд. Овие принципи претставуваат значаен правен извор на Заедницата и играат значајна улога во нејзиниот правен систем. Меѓународните договори коишто се склучени со земји што не се членки на заедницата претставуваат уште еден дополнителен извор на правото на Заедницата. По правило, меѓународните договори може да бидат склучени само од име Заедницата, од Заедницата во содејство со земјите членки, а во одредени случаи само од земјите членки. Овие договори се акти на земјите членки, или акти на Зедницата па поради нивната специфична природа, препорачливо е да се разгледуваат одделно.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET