Ustavna i zakonska osnova za sopstvenosta vo republika Makedonija (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Ustavna i zakonska osnova za sopstvenosta vo republika Makedonija (makedonski)". Rad ima 17 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Правен Факултет-Кичево
Семинарска по предметот Стварно Право
Тема: УСТАВНА И ЗАКОНСКА ОСНОВА ЗА СОПСТВЕНОСТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Ментор:
Изработила:
Вовед:
Не постои точна определба за дефинирање на поимот сопственост но сепак правото на сопственост може да се изрази вака : “Сопственикот има право својата ствар да ја држи, целосно да ја користи и да располага со неа по своја волја, до колку тоа не е спротивно на закон или на некое право на друго лице“
Потоа поимот “право на сопственост“ Законот за сопственост го употребува кога постои стварно правен однос во кој има еден носител на правото на сопственост (физичко или правно лице, држава или единица на локална самоуправа и една или повеќе ствари). Доколку постојат повеќе носители на правото на сопственост тоа се манифестира како сосопственост, заедничка сопственост или етажна сопственост.
Сопственоста т.е правото на сопственост како генерички поим за сите видови на сопственост, својот правен основ во правниот систем на Р.Македонија го наоѓа во ставот 1 на членот 30 на Уставот на РМ од 1991 (Сл.весник на РМ. Бр. 52/91) “Се гарантира правото на сопственост и правото на наследување“
Врз основа на ставот 1 на членот 30 на Уставот на Р.Македонија законодаството на Р.Македонија определува и законска рамка за реглементација на правото на сопственост во правниот систем на Р.Македонија.Таа се реализира на два плана:
Преку генералниот закон за сопственост и други стварни права на Р.Македонија (во понатамошниот текст: Закон за сопственост) кој Собранието на Р.Македонија го донесе на 20.02.2001 година (Сл.Весник на РМ, бр.18/01), а кој почна да се применува во рок од 6 месеци од неговото влегување во сила .
Преку посебни – специјални закони кои уредуваат одделни аспекти на сопственоста.
Специјалните закони се однесуват:
На правната регулатива на одделни сопственички форми какви што се државната сопственост и сопственоста на одделни видови правни лица (на пр. Закон за трговски друштва , Закон за јавните претпријатија и сл.)
На правниот режим на одделни видови на ствари какви што се стварите од општ интерес за Р. Македонија (како на пример Законот за земјоделско земјиште од 2007 година (Сл. Весник на РМ, бр.135/07), Законот за градежно земјиште од 2008 година (Сл. Весник на РМ бр. 82/08).Законот за водите од 2008 година (Сл.Весник на РМ, бр. 87/08 и др.)
На донесувањето на специјални закони коишто го уредуваат стекнувањето на правото на сопственост во посебни случаи определни со закон како што се: Законот за експропријација од 1995 година (Сл.Весник на РМ, бр. 43/00), Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост од 2005 година (Сл. Весник на РМ, бр. 4/05) и други.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET