Testamentalno nasleduvanje (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Testamentalno nasleduvanje (makedonski)". Rad ima 11 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Семинарска работа по предметот:
Наследно право
ТЕМА: Тестаментално наследување
Ментор: Студент:
Проф. Марко Андоновски Павлова Наташа ID 1178
Ивановски Филип ID 1162
Петровска Љупка ID 1580
Скопје – Мај 2011
Содржина :
1.Поим на наследување..................................................................................... 3
2.Поим на тестамент.......................................................................................... 3
3.Видови на тестамент...................................................................................... 3
- Своерачен тестамент................................................................................. 4
- Судски тестамент....................................................................................... 5
- Дипломатско – конзуларен тестамент..................................................... 5
- Војнички тестамент.................................................................................... 6
- Меѓународен тестамент............................................................................. 6
- Устен тестамент........................................................................................... 7
4. Содржина на тестаментот......................................................................... 7
5. Легат............................................................................................................ 9
6. Составување на тестаментот..................................................................... 10
7. Толкување на тестаментот......................................................................... 11
8. Прилози....................................................................................................... 12
- Молба за составување на тестамент......................................................... 12
- Примерок на тестамент............................................................................... 13
Под поимот наследување врз основа на тестамент (тестаментално наследување) се подразбира наследување врз основа на еднострана изјава на волја (тестамент) на оставителот дадена за време на неговиот живот во форма пропишана со закон со која се одредува на кој од наследниците ќе му припадне оставината или дел од неа по неговата смрт. Давателот на тестаментот се вика завештател или тестатор. Лицата кои што наследуваат врз основа на тестамент се викаат тестамнтални наследници. Кај ова наследување, за разлика од законското наследување, примарно значење има волјата на тестаторот како сопственик на имотот да располага со имотот согласно со неговите интереси на кои, се разбира, се заснива неговата волја да го состави тестаментот.
Поим на тестаментот
Под поимот тестамент се подразбира еднострана изјава на последната волја на оставителот во однос на неговиот имот дадена во форма пропишана со законот со којшто се уредуваат наследно-правните односи (во РМ – Законот за наследување) со која оставителот одредува кое лице или кои лица ќе му бидат наследнници и кој дел од од оставниантта ќе му припадне на наследникот односно на наследниците по неговата смрт. Тестаментот претставува еден од основите за повикување на наследство.
Правна природа на тестаментот
Основна правна карактеристика на тестаментот е тоа што тој претставуа еднострана изјава на волја на завештателот. При неговото составување не може да стене збор за согласност на волјите на две или повеќе лица, нити пак важноста на тестаментот може да зависи од тоа. Токму поради тоа составувањето и постоењето на пример на своерарчлниот тестамент може да остане непознаница за секое друго лице се до смртта не завештателот. Тестаментот е строго личен акт на завештателот. Тој е непосреден продукт на неговата волја. Поради тоа секој којшто сака да направи тестамент мора тоа да го стори лично. Застапувањето при составувањето на тестаментот е исклучено. Едноставно него не може да го направи застапник односно полномошник на завештателот. Потоа тестаментот е отповиклива изјава на волја. Отповикливоста на тестаментот произлегива од неговата природа како едностртана и слободна изјава на волја на завештателот. Завештателот секогаш може да го отповика тестаментот се до неговата смрт.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET