Sudski sovetnici (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Sudski sovetnici (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


Предмет:
Судски систем
Семинарска работа:
Судски советници
Предметен професор: Студент :
Содржина
Вовед ...........................................................................................3
Дефинирање на судските советници
Кои се судски советници.................................................4
Што претставуваат судските советници........................4,5
Избор на судските советници ...................................................6,7
Примена на одредени начела
Независност и непристрасност на судот...........................8
Начело на непосредност.....................................................8,9
Право на судење во разумен рок......................................9
Права и обврски на судските советници....................................10,11
Престанување на работењето на судските советници..............11,12
Заклучок ..........................................................................................13
Користена литература .....................................................................14
Вовед
Судовите се тела на судската власт кои ја вршат самостојно и независно во рамките и надлежностите одредени со законот.Нивната примарна функција е да обезбеди спроведување на уставните и законските одредби со што се штити правниот поредок на Република Македонија , но и овозможува заштита на субјективните права на правните субјекти кои тоа заштита на пропишан начин и во одредено време ја бараат. Да би таа заштита била ефективна ,таа треба да се овозможи во разумен рок кој зависи од видот на правото што се штити , но и од брзината на дејствување или донесување на одлуки на судовите.Во склоп на судовите како посебен орган или т.н правосудна управа во чијшто соства влегуваат : претседателот на судот , стручната судска служба и судската служба. Во стручната судска служба ги врши стручните и административно-техничките работи во судот.Стручната служба ја сочинуваат виши судски службеници, самостојни судски советници , судски советници,стручни соработници и судски приправници.Нивниот број зависи од обемот на работатата на судот.Секој судија има барем еден соработник од било кое звање. Стручните соработници во сите звања се примаат на јавен оглас од редот на дипломирани правници со положен правосуден испит и одредени години стаж пропишани со законските норми и во постапка уредена со Законот за судска служба од 2008 година .Истотака со овој закон се уредуваат и нивните права,обврски , системот на платии и надоместоци и сл.
Дефинирање на судските советници
Кои се судски советници ?
Судските советници претставуваат лица вработени во судот коишто извршуваат стручни ,управно- надзорни , административно-технички , извршни , статистички и материјално финансиски работи согласност со закон. Судските советници се лица коишто најпрвин работеле како референти.За референти се поставувале лица завршено високо образование од областа на правото, положен правосуден испит со исполнета двегодишна приправничка пракса односно лица со полежн адвокатски испит со 3 годишна судска пракса.Судските службеници правата од работен однос ги остваруваат согласно Законот за судска служба, колективни договори и други прописи кои ги уредуваат правата од работниот однос. Заради остварување и заштита на правата на судската служба се формира на Совет на судската служба , со седиште во Врховниот суд на Република Македонија.Советот го сочинуваат 9 члена од кои пет члена од редот на судските администратори во судовите и 4 члена од редот на претседателите на судовите. Советот го сочинуваат судскиот администратор на Врховниот суд на Република Македонија како постојан член, судскиот администратор на Управниот суд ,судските администратори на апелационите судови и судките администратори на судови со проширена надлежност, кои меѓусебно ќе ротираат на период од две години, според редоследот на судовите утврден со Законот за судови и 4 претседатели на судовите по систем на ротација на период од две години.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET