Strani vo obligacionen odnos (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Strani vo obligacionen odnos (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

СТРАНИ ВО ОБЛИГАЦИОНЕН ОДНОС СО ПРИЧИНУВАЊЕ НА ШТЕТА
1.Вовед
За настанување на облигационите односи со причинување на штета потребно е да постојат страни на тие односи ,страна на оштетен и страна на штетник.Помеѓу овие две страни треба да постои дејствие кое ќе ги поврзе во даден облигационен однос.Значи треба да имаме дејствие со кое е причинета штета тоа е така наречено штетно дејствие ,потоа да има настаната штетна последица од тоа штетно дејствие ,штета и мора да постои причинско последична врска помеѓу штетното дејствие и штетата така наречена каузална врска. Покрај овие услови треба да бидат и исполнети одредени посебни услови а тоа се вина и постоење на ствар или дејност кои преставуват извор на зголемена опасност.
Облигациониот однос кој настанува со причинување на штета преставува еднострано обврзувачки облигационен однос во кој за страната на штетникот произлегува обврска да ја исплати штетата ,а за страната на оштетениот право да бара да му биде надоместена штетата .Страна на должник е штетникот ,а страна на доверител е оштетениот .Страната на должникот моше да биде проста (составена од едно физичко или правно лице ) и сложена (составена од повеќе физички или правни лица).
Општо правило е дека секој одговара за причинетата штета која ја причинил по своја вина,но има и исклучок од ова правило кога едно лице одговара за штета која ја предизвикало трето лице ( одговорност на родителот и старателот за штетата која ја предизвикале малолетни лица или лица за кои тие се грижат ,одговорност на работната организација за штетата предизвикана од нејзините вработени во врска со работата на трети лица).Постои одговорност на сопственикот односно корисникот за штета која потикнува од опасни ствари.Постојат три вида на одговорности за штета :одговорност по основ на вина ,одговорност за друг и одговорност за опасни ствари.Кај граѓанската одговорност на лице за штетата што ја причиноло важи правилото „кој на друг му причинил штета по своја вина должен е да ја надокнади ,таа надокнада е во паричен износ или во враќање на стварта во поранешна состојба (реституција).
I.Штетник
Штетник е лице физичко или правно кое е страна во облигациониот однос и одговара за причинетата штета.За да може да се појави на страната на штетник мора да има правна сособност(можност да се биде носител на граѓанско субјективни права и обврски )и лицето мора да биде деликтно способно (можност на лицето да одговара за сторениот деликт), во овој случај лицето одговара за причинетата штета.Едно лице може да биде деликтно неспособно тоа се децата до 7 годишна возраст и лицата кои се на 14 годишна возраст се душевно болни или се со заостанат психички развој ,и лицата кои се способни да причинат штета а се деликтно неспособни во смисла не одговарат за причинетата штета лично тие.Малолетните деца до 7 годишна возраст се способни со своите дејствија некому да причинат штета но тие се деликтно неодговорни и за сторениот деликт одговарат нивните родители.Лицето кое причинува штета а не одговара за неа е фактички штетник ,а лицето кое ја сторило штетата и одговара за неа е деликтно способен е штетник во правна смисла на зборот .Понекогаш може правниот штетник и фактичкиот штеник да не се едно исто лице (примерот со седум годишното дете кое сторило некоја штета и неговиот родител кој одговара за сторената штета од страна на својот син).
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET