Stečaj (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Stečaj (makedonski)". Rad ima 6 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


Вовед
Стечајот претставува начин на престанок на едно претпријатие како најстрога мерка поради фактот дека е неспособно да ги исполни своите стасани парични обврски спрема доверителите, работниците или пак, државата. Стечајот е посебна судска постапка која се спроведува над имотот на должникот и истата ја спроведуваат судски органи.
Цели
Стечајната постапка има за цел колективно намирување на доверителите на стечајниот должник преку впаричување на имотот на должникот и распределба на остварените приходи или преку склучување на посебен договор за порамнување на побарувањето, утврдени во стечајниот план што е насочен кон натамошно одржување на претпријатието. Со заклучувањето на стечајната постапка и со бришењето од трговскиот регистар, должникот како правно лице или трговецот-поединец престануваат да постојат.
Причини
Причини за отворање на стечајна постапка најчесто се неспособноста за плаќање на своите парични обврски во рок од 60 дена од денот на пристигнувањето или, кога пасивата во билансот на состојбата ќе ја надмине неговата актива.
Во стечајната постапка месно надлежен е основниот суд на чие подрачје се наоѓа седиштето на должникот. Стечајната постапка се покренува на предлог на должникот или доверителот. Истата е итна. Предлогот може да биде повлечен се до донесување на решение за прифаќање или одбивање од страна на стечајниот совет. Доколку се усвои предлогот за отварање на стечајната постапка, стечајниот совет ќе донесе решение за поведување претходна постапка во која ќе се утврдуваат причините за отварање на стечајната постапка. Стечајниот совет определува мерки со кои се спречуваат промени во финансискиот статус и имотната положба на должникот, какви што се: именување на привремен стечаен управник, забрана за располагање со имотот на должникот, како и исплата од сметката на должникот. Доколку овие мерки не бидат доволни се пристапува кон други многу построги од претходните. Советот закажува рочиште на кое ги повикува застапниците на должникот, правно лице или самиот должник-поединец, потоа предлагачот, вршителот на платниот промет, привремениот стечаен управник и други лица по потреба. На рочиштето може да биде дадена изјава за преземање на долгот на должникот, која ја проверува стечајниот совет и доколку истата е без покритие, изјавувачот е одговорен за штетата што притоа ќе настане. Во спротивно, стечајната постапка запира. Доколку таква изјава нема, вешти лица ја проверуваат економско-финансиската состојба на должникот и ако притоа се утврди дека се исполнети условите за отворање на стечајната постапка, истата се спроведува.
Органи
Органи кои што се задолжени за спроведување на стечајната постапка се:
стечајниот совет е составен од тројца судии од кои еден е претседател на советот. Советот ги има следниве овластувања: одлучува за поведување на претходна постапка, како и за отворање на стечајна постапка, потоа го именува и разрешува стечајниот управник; одлучува по приговорите на стечајниот управник против заклучоците на стечајниот судија; одобрува исплата на доверителите; донесува решение за заклучување на стечајната постапка и многу други ингеренции кои му ги дава законот за стечај.
стечаен судија – врши контрола врз работата на стечајниот управник и му дава упатства, потоа ја следи работата на одборот на доверители и на собранието на доверители, и одлучува за сите прашања на стечајната постапка, а кои што не се во надлежност на другите органи од истата.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET