Prisila - Kazneno pravo | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Prisila - Kazneno pravo". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


Семинарска работа по предметот
Казнено право
TEMA:
ПРИСИЛА
Ментор: Изработил:
СОДРЖИНА
Вовед
Законски основи за употреба на присила
Физичка сила
Гумена палка
Хемиски и други средства на присила
Огнено оружје
Законските основи за примена на огнено оружје
Услови за употреба на огнено оружје
Извештај за употреба на сретствата за присила
ВОВЕД
Полицајците во вршењето на службените задачи согласно член 34 од ЗВР имаат право да употребат присилни средства со цел да го совладаат отпорот на некое лице. и покрај импликациите што може да ги предизвика употреба на присила таа е дозволена, но во рамки и на начин што е утврден со закон, а со цел да се заштити уставниот поредок, сигурноста на граѓаните, нивниот живот и имот, како и јавниот ред и мир.
Овластените службени лица можат да употребат физичка сила само доколку другите методи не даваат резултати, и не можат да употребат повеќе сила отколку што е неопходно за да постигнат спорведување на законот. Присилата се употребува само во исклучителни случаи. Со правната регулатива присилата се третира исклучиво како средство за остварување на службените задачи и таа во ниту еден случај не смее да биде цел. Токму од овие причини, на Осмиот конгрес на Обединетите нации за превенција на криминалот и за третман на сторителите на кривични дела, усвоени се Основните правила за употреба на сила и огнено оружје од страна на со закон овластените лица. Со овие Основни правила, меѓународната заедница прави обид да ја унифицира употребата на сила и на огнено оружје, во смисла натоа присилата да се користи само како исклучок , и тоа во рамките што прецизно ќе ги утврди секоја земја со соодветни законски прописи. За таа цел се донесени посебно одредби, кои ги определуваат основните правила и должности на полицајците во случаите кога ќе применат некое од пропишаните присилни средства.
Согласно со тоа присилата и присилните средства може да бидат употребени по наредба на старешината, особено во случаите кога треба да се воспостави нарушениот јавен ред и мир или се презема друго службено дејство. Сепак, најчести се случаите кога полицаецот сам решава дали ќе употреби присила и кое средство ќе го одбере, што е условено околностите во конкретниот случај. Законската обврска на полицаецот е да настојува без присила, или со примена на најлесно присилно средство, да го совлада отпорот на лицето и со тоа да ја изврши службената задача. Тоа не е ниту лесно, а уште помалку едноставно, бидејќи времето за донесување на одлука за видот и интензитетот на интервенцијата по правило е исклучително кусо, а одлуката е условена од многу фактори, како што видот на отпорот што треба да се совлада, неговиот интензитет и условите што треба да се за примена на определен вид на присилно средство. Најзначаен фактор стручноста и психофизичката подготвеност на полицаецот, во што најверојатно лежи и клучот за изборот на присилното средство при интервенцијата.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET