Administrativna postapka (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Administrativna postapka (makedonski)". Rad ima 11 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет
Семинарска работа по предметот:
Административно право и административна постапка
На тема:
Административна постапка
(Поим, видови и краток осврт на принципите)
Ментор: Изработил:
Содржина
1. Вовед – Поим ......................................................................................................3
2. Видови административни постапки ..................................................................4
3. Основни принципи на Управната постапка......................................................6
4. Заклучок .............................................................................................................10
5. Користена литература...................................................................................... 11
Вовед - Поим
Административната постапка претставува правна форма , односно правна процедура преку која се врши реализација на материјалните прописи од областа на административно – правната материја.
Прописите од управната постапка содржат правила со кои се регулира надлежноста, формата и текот на дејствата во постапката и обликот и содржината на актите кои се донесуваат како резултат на постапките од страна на државните органи, установите и организациите кои вршат јавни овластувања. Станува збор за формални правила на однесување кои се разликуваат од материјалниот закон.
Постоењето на судските постапки има долготрајна традиција и преку нив се овозможува реализација на мтетеријално – кривичното право, граѓанското право и другите правни области. Овие постапки не го исклучуваат постоењето на административната постапка која е од понов датум и со која се обезбедува примена на материјалните прописи од областа на административната материја.
Околу прашањето што претставува административната постапка, повеќе различни автори даваат различни дефиниции. Дефинициите на различните автори се или слични или сосем малку се разликуваат. Такви дефиниции за што е тоа административна постапка, дале реномирани професори како што се: Никола Стјепановиќ, Мустафа Камариќ, Јефтиќ, Шрамек, Атанас Атанасовски, Александар Христов и други но сите се согласни дека: Административната постапка претставува збир на правни правила со кои се утврдува начинот на постапувањето (процес, процедура) при ешавањето на административно – правните работи од страна на сите овластени органи, организации, институции, и заедници и се обезбедува материјална и формална законитост на решенијата од една страна а се штитат правата и интересите на граѓаните и на другите субјекти како и јавните интереси од друга страна.
Видови административни постапки
Постојат два вида административни постапки:
1. Општа административна постапка како заокружен теоретски и законодавен систем на општо задолжителни правни правила за сите оние кои решаваат административни предмети и
2. Посебни административни постапки регулирани со посебни законски прописи за одделни административни материи.
Поделбата ја разликува и законот за општа управна постапка кој го утврдува општиот карактер на административната постапка и во кој се истакнува дека одделни прашања на постапката за одделна област можат со посебен закон да се уредат поинаку, ако е тоа неопходно за постапувањето во таа управна област (посебна постапка).
Поимот, карактерот и досегот на општата административна постапка, односно на посебните административни постапки како и нивниот заемен однос би требало да се разјаснат и објаснат дополнително. Па така, во самиот назив на законот за општа управна постапка како и во самиот законски текст утврдено е дека станува збор за закон (кодекс) со кој се регулираат правилата на општата адмнинистративна постапка кои можат поединечно да се применуваат во работата на сите надлежни органи, организации и заедници во сите области или барем во најголем број административни материи. Тоа пак значи дека општата административна постапка се применува во целост во работата по сите административни материи освем за оние за кои е пропишана посебна административна постапка односно процедура а и во нив во однос на сите прашаша на постпаката кои не се регулирани со посебни постапки за тоа.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET