Меrki zа uništuvаnjе nа plеvеlitе (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Меrki zа uništuvаnjе nа plеvеlitе (makedonski)". Rad ima 11 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет "Гоце Делчев" – Штип
Земјоделски факултет
Семинарска работа по предметот
Полјоделство
Тема:
Мерки за уништување на плевелите
Ментор: Изработил:
Проф. Д-р Љупчо Михајлов Мики Стојанов 09771
Содржина:
Вовед..........................................................................................................................3
Индиректни(превентивни)мерки за борба против плевелите................................4
Директни мерки..........................................................................................................5
Агротехнички мерки...................................................................................................5
Механички мерки........................................................................................................8
Физички мерки............................................................................................................9
Биолошки мерки.........................................................................................................9
Хемиски мерки(примена на хербициди)..................................................................10
Заклучок.....................................................................................................................11
Користена литература...............................................................................................11
Вовед
Плевелите причинуваат многу големи штети на културните растенија,кој како резултат на нивното севкупно дејствување,го намалуваат приносот и квалитетот на растителните производи.Поради тоа,борбата против плевелите претставува составен дел на технологијата при одгледувањето на културните растенија.Во целокупниот досегашен период,од почетокот на земјоделското производство до денес,човекот настојува да изнајде посоврешени методи,меѓутоа досега,а и натаму не постојат мерки кои целосно ги уништуваат плевелите.Во суштина,спречувањето на плевелите треба да обезбеди намалување на заплевеленоста до нивото на економскиот праг на штетното влијание на плевелите за одредена култура.Економски праг на штетноста претставува онаа заплевеленост што,ако плевелите не се спречат,причинуват иста штета колку што изнесуваат и трошоците за нивно спречување.Ако заплевеноста е поголема од економскиот праг на штетноста,се преземаат мерки за спречување на плевелите.Во борбата против плевелите се применуваат разновидни мерки кои можат да се поделат во две големи групи,и тоа:индиректни(превентивни) мерки и директни мерики за броба против плевелите.
Индиректни(превентивни)мерки за борба против плевелите
Индиректните мерки играат важна улога во целиот синџир од комплексот на мерки во борбата против плевелите.Особено се важни за спречување на ширењето на многу опасни и карантински плевели.Индиректните мерки имаат за цел,пред се да го спречат ширењето на плевелите.Во оваа група спаѓаат следниве мерки:
Употреба на чист семенски материјал – употребата на чист семенски материјал претставува важна и доста ефикасна превентивна мерка во борбата против плевелите,особено кога се работи за едногодишни плевели,кои се разможуваат исклучиво со семе.
Правилно постапување со отпадоците од прочистувањето на семенскиот материјал- при прочистувањето на семеснкиот материјал отпадоците,освен искршени делови од семе ,најмногу содржат семе од плевели.Овие отпадоци можат да послужат како храна на домашните животни,но не е правилно да се даваат како храна во таква,природна состојба ,туку да се сомелат или да се попарат во врела вода,т.е да се изложат на висока температура при што плевелните семиња ја губат ‘ртливоста.
Правилно чување и употреба на шталското ѓубре и компостот - во шталското ѓубре можат да се најде релативно голема количина на плевелни семиња.Според Ковачевиќ(1976),во 60 тони шталско ѓубре мошат да се најдат од 300.00 до 480.000 ‘ртливи плевелни семиња.Од ова произлегува дека со шталското ѓубре ако со него не се постапува правилно не се постапува во почвата се внесуваат значителни количини на плевелни семиња.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET