Lubenica i dinja - botanički osobini, sorti dinji i lubenici, biološki osobini (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Lubenica i dinja - botanički osobini, sorti dinji i lubenici, biološki osobini (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет ,Гоце Делчев”-Штип
Земјоделски факултет -Штип
Семинарска работа по предметот :
Градинарство и цвеќарство
Тема:
Бостан – лубеница и диња – ботанички особини, сорти дињи и лубеници,
биолошки особини
Ментор: Изработил:
Доц.д-р Милан Ѓеорѓиевски Мики Стојанов-09771
Содржина:
Вовед 3
Лубеница 4
Врсти лубеници 5
Лубеница во исхраната 5
Лековити дејства 5
Лубеницата го чисти организмот 6
Антиоксиданси 6
Дијабетичарите треба да внимаваат 7
Примена и алергии 7
Диња 8
Врсти на диња 8
Дињата освежува и отстранува болка 9
Калориска вредност 9
Како делува на организмот 9
Заклучок 11
Користена литература 12
Вовед
Лубеница (Citrullus lanatus) е од родот Cucurbitaceae , со потекло од Африка. Поголем дел од нејзиниот состав е вода. Се одгледува и на други топли крави поради слаткиот, сочниот плод. Лубеницата е здраво овошје, а посебно е добра за бубрезите.
Дињата (Cucumis melo) е едногодишно растение која се вбројува во фамилијата Cucurbitaceae. Таа се одгледува главно во Азија, САД, Мексико, но и во многу медитерански земји. Се одгледува во градини и плантажи. Цвета во почетокот на летото, а се бере есен.
Лубеница
Обично се смета дека лубеницата содржи само вода и освежува кога е многу топло, но лубеницата покрај течност содржи и многу витамини и минерали кои значително допринесуваат за нашето здравје. Лубеницата е многу погодна за исхрана во текот на летото, бидејќи ни ги надокнадува изгубените течности, витамини и минерали.
Лубеницата се употребува за исхрана во скоро сите земји во светот. Најголеми произведувачи на лубеници во светот се: Кина, Турција и Русија, а од Европа : Македонија, Грција, Италија и Шпанија.
Лубеницата е едногодишно растение најчесто со сферична форма, претежно со зелена боја со шари. Внатрешноста на лубеницата најчесто е црвена или портокалова боја, но постои и жолти лубеници.
Постојат повеке видови лубеници кои се вкрстени, и се разликуваат по големината, боја и облик. Сите содржат доста корисни супстанци, а нискокалорични се. Лубеницата може да има тежина и до 25кг, а во себе содржи над 90% вода, па е погодна за диетална исхрана. На нашите трпези најчесто се наоѓа во периодот од јуни до август, но благодарение на стаклениците и пластениците може да се најде од пролет па се до доцна есен.
Врсти лубеници
Мраморка – има средни, крупни и округли плодови, доста рано созрева, кората и е темна, со темно зелени шари врз зелено светлата основа.
Неготинка – слична е на мраморката и има светло зелена кора со темни шари. Плодот е кружен, малку издолжен.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET