Pretsedatel na republika Makedonija (Makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Pretsedatel na republika Makedonija (Makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Правен Факултет-Kочани
Дисперзирани студии Штип
Семинарска по предметот Политички систем
Тема: Претседател на Република Македонија
Шеф на државата (државен поглавар)
Ментор:
Проф. Д-р Светомир Шкариќ
Израбтил:Борче Коруноски Бр. На индекс:07715
Вовед
Највисокиот орган на државата во чии раце е доверена политичката власт е шефот на државата. Во минатото, шефот на државата бил врховен орган на државната власт ( таква била положбата на монархот во апсолутните монархии). Но дене во современето општество, шефот на државата (било да е поединец, било да е колективно тело) е орган кој има огромен број овластувања, но не е носител на врховната и правно неограничената власт, бидејќи таа првенствено му припаѓа на законодавното и/или уставотворното тело. Во современите држави, шефот на државата како орган има улога да ја претставува државата како на внатрешен, така и на надворешен план.Според начинот на кој шефот на една држава доаѓа на таа функција и според правно-политичкиот статус кој го поседува, може да биде државата монархија или република.
Монархот е физичко лице и тој е поединец. Најчесто се карактеризира со наследност и останува на власт доживотно. Монархот се одликува со посебни привилегии по кои се разликува од останатите граѓани, а се поврзани со неговиот статус и положба. Неодговорноста е уште една карактеристика што ја поседува монархот, како шеф на држава во монархиите. Врз него не можат да се применат редовните санкции ако ги прекрши правните норми, и доколку се случи тоа монархот потпаѓа под други видови санкција – политичка и морална осуда. Постои поделба на монархиите во зависност од тоа дали целата власт во државата е сосредоточена во рацете на шефот на државата – монархот или не т.е тој е само орган на власта. Монархиите се делат наограничени и неограничени.
Во ограничените монархии шефот на државата е највисок орган на државната власт. Тој е највисок законодавен, управен и судски орган. Во државата не постои устав со кој би се контролирала работата на монархот и би се ограничувале неговите овластувања. Монархот има право да сам ги донесува највисоките правни акти и да владе без претходно да донесува правни прописи.
Во ограничените монархии работата и власта на монархот е ограничена од страна на устав, кој постои како основен и највисок правен акт донесен од посебен орган. Монархот и понатаму е шеф на државата, но не е единствен или највисок орган на политичката власт и неговата работа е ограничена.
Во републиката шефот на државата може да биде колективен или индивидуален орган. Шефот на државата се карактеризира со
изборност ( претседателот на републиката може да се избира од народот на непосредни или општи избори , или од законодавното тело. Претседателот на републиката најчесто се избира за време од четири, пет или седум години
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET