Politicki sistem na Germanija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Politicki sistem na Germanija (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Универзитет „Гоце Делчев “ Штип
Правен факултет Кочани
Насока: Применета политика и дипломатија, модул Европско Право
СЕМИНАРСКА РАБОТА
Предмет: Политички систем
Тема: Политички систем во Германија
Ментор: Изработил:
Проф. Д-р. Светомир Шкариќ Стојанчо Петров бр.индекс 071056
Штип, Мај - 2011 година
СОДРЖИНА :
Вовед.......................................................................................................................................................................................3
1. Извршна власт.................................................................................................................................................................4
2. Бундестаг...............................................................................................................................................................................5
3. Бундесрат.............................................................................................................................................................................8
4. Политички партии......................................................................................................................................................10
5. Судство.................................................................................................................................................................................11
6. Државите (LÄNDER) ..............................................................................................................................................12
Заклучок.............................................................................................................................................................................14
Користена литература..........................................................................................................................................15
ВОВЕД
За разлика од Политичкиот систем на Соединетите Американски Држави (САД) и Политичкиот систем на Обединетото Кралство – Велика Британија, кои неизменети постоеле како такви во текот на повеќе векови, сегашниот политички систем на Германија претставува неодамнешна конструкција, која датира од 1949 година, кога зоните окупирани од страна на Сојузничките сили, предводени од страна на САД, Велика Британија и Франција, беа консолидирани во Федерална Република Германија (Западна Германија), Во 1990 година, по падот на таканаречениот Берлински ѕид, кон Федерална Република Германија се приклучи и дотогашната Демократска Република Германија (Источна Германија).
Сепак, уставот од 1949 година, во себе ги соедини централните делови од Германскиот устав од 1871 година, кој ја соедини Прусија со останатите Германски држави (освен Австрија), и Вајмарскиот устав од 1919, кој воведе поделба на власта помеѓу централната влада и локалните „Länder“ (држави), т.е. дисперзија на власта помеѓу различни нивоа на владеење. Значи Основниот Закон (Grundgesetz) од 1949 година, внимателно ја подели власта помеѓу централната власт и таканаречениот Länder.
Виталноста на демократскиот систем на Германија, како и квалитетот на неговото политичко лидерство – Канцелари како што се Конрад Аденауер (1949 – 1963), Вили Брант (1969 – 1974), Хелмут Шмит (1974 – 1982) и Хелмут Кол (1982 – 1998) – беше енормно импресивна.
ИЗВРШНА ВЛАСТ
На чело на државата се наоѓа Претседателот, во голема мера церемонијална позиција, на чија функција лице може да биде избирано максимум на два петгодишни мандати. Гласачите во избирањето на претседателот се општопозати како Федерална Конвенција, која се состои од сите членови на Бундестагот и адекватен број на членови номинирани од страна на законодавното тело во државата. Моментелен претседател на државата е Кристиан Вулф од ЦДУ.
На чело на владата се наоѓа Канцеларот (еквивалент на Премиер на владата на РМ). Моментален Канцелар е Ангела Меркел од ЦДУ.
Една од клучните цели на изборните права претставени помеѓу 1949 и 1956 година беше да се развие фер и легитимен систем кој ќе ги избегнува двата главни проблеми во Вајмарската Република, што значи фрегментација на партискиот систем и владината нестабилност.
На секои четири години, по националните избори и состанувањето на новоизбраните членови на Бундестагот, Канцеларот е избран од страна на мнозинството членови на Бундестагот, на предлог на Претседателот на истиот. Овој начин на гласање е еден од малкуте начини каде е потребно мнозинство гласови од сите членови на Бундестагот, за разлика од останатите каде е доволно само мнозинство од присутните членови во тој момент. Ова е познато како Kanzlermehrheit ( Канцеларско мнозинство ) и е дизајнирано така за да воспостави стабилна влада.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET