Politički partii (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Politički partii (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Европски универитет - Скопје
Факултет за политички науки
Семинарска работа
По
Политикологија
Тема:
Политички партии
Изработил: Ментор:
Содржина
Вовед..............................................................................................................................................................................3
Партии..........................................................................................................................................................................4
Партиски системи................................................................................................................................................11
Европеизација на партиите...........................................................................................................................12
Западна Европа: влијанието на ЕУ на промени вополитичките партии во старата ЕУ...................................................................................................................................................................................13
Централна и Источна Европа: влијанието на ЕУ на промени во политичките партии во новата ЕУ............................................................................................................................................................14
Користена литература......................................................................................................................................16
Вовед
Политичките партии се доброволни организации на граѓани, формирани за остварување и заштита на политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања и заради учество во процесот на донесување на политички одлуки при учество во власта:
своите цели ги остваруваат преку демократско формирање и изразување на политичката волја со учество на избори, како и на други демократски начини;
основањето, работењето и финансиското и материјалното работење на политичките партии е јавно;
се организираат и дејствуваат на територијален принцип;
не смеат да се основаат и да дејствуваат во органите на државната власт (законодавната, извршната и судската), како и во јавните претпријатија, јавните установи и други организации основани од Р.М., општините и градот Скопје;
нивната програма, статутот и дејствувањето не можат да бидат насочени кон:
насилно уривање на уставниот поредок на Р.М.
потикнување или повикување на воена агресија и
разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост;
политичките партии регистрирани во други земји не можат да дејствуваат на територијата на Р.М.
Статутите на политичките партии содржат одредби за:
името и скратеното име на партијата;
седиштето на политичката партија;
политичките цели на дејствување, остварување на јавноста во работата и начинот на дејствување;
условите и начинот на зачленување и престанување на членството и правата, обврските и одговорноста на членовите;
застапување и претставување на политичката партија;
органите на политичката партија, начинот на нивниот избор и отповикување, траењето на мандатот и начинот на одлучувањето;
стекнувањето и располагањето со средствата;
престанокот на политичката партија ;
постапувањето со имотот во случај на престанок на политичката партија;
ознаките на политичката партија( знаме, симбол, амблем и друго);
името и ознаките на политичката партија се разликуваат од името и ознаките на регистрираните политички партии во Р.М;
името и ознаките на политичката партија не можат во себе да го содржат името, односно ознаките, симболите на Р.М., на државните органи, на општиите и градот Скопје, на други држави, како и на други државни и меѓународни организации.
Партии
Додека здруженијата го организираат граѓанинот во неговите различни улоги, партиите му се обраќаат во неговата опсежна одлика како одговорен граѓанин и учесник во сувереноста на народот . Ниедна модерна репрезентативна демократија не може да се откаже од постоењето и активноста на политичките партии . Тоа важи и покрај широко распространетата наклонетост против сето она што е политичко, против партиските караници и партиско-политичките дејства . Оној што сака да се најде над партиите и да каже дека се води само и единствено од државно-политичките потреби «, тој по правило се лаже себеси и другите со тоа што претставува сопствени гледишта за политиката како истекување на чиста стручност, истовремено обидувајќи се ставовите на другите да ги дискредитира како партиска политика « или идеолошки «. Овој надпартиски став е, според познатите зборови на Густав Радбрух, „животната лага на државата на големите“.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET