Istoriski razvitok na preducilisno vospitanie vo Republika Makedonija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Istoriski razvitok na preducilisno vospitanie vo Republika Makedonija (makedonski)". Rad ima 10 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Универзитет „Гоце Делчев” – Штип
Педагошки факултет – предучилишно воспитание и образование
Семинарка работа по предметот:
ПЕДАГОШКА ПРАКТИКА
Тема:
Историски развиток на предучилишно воспитание во Република Македонија
Ментор, Изработил,
Доц. д-р Кирил Барбареев Анета Миланова
14 775
Содржина:
1. ВОВЕД – МИСИЈА НА ПРЕДУЧИЛИШНОТО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ........................................................................................................2 стр.
2. ПРЕДИЗВИЦИ НА ПРЕДУЧИЛИШНОТО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ..........................................................................................................3 стр.
2.1 Мрежа на предучилишно воспитание..........................................................3 стр.
2.2Опфат на децата со предучилишно воспитание..........................................4 стр.
2.3 Демократија и законска регулатива............................................................5 стр.
2.4 Програмска поставеност.................................................................................5 стр.
3. ПРЕДУЧИЛИШНО ВОСПИТАНИЕ ВО ШТИП.............................................6 стр.
3.1 Детска градинка „Астибо”.............................................................................6 стр.
3.2 Детска градинка „Цветови”..........................................................................7 стр.
3.3 Детска градинка „Сончогледи”.....................................................................8 стр.
3.4 Детска градинка „Бамби”...............................................................................8 стр.
4. ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА..........................................................................10 стр.
1. ВОВЕД – МИСИЈА НА ПРЕДУЧИЛИШНОТО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ
Мисијата на предучилишното воспитание и образование во Република Македонија е еднаков приод и максимална опфатеност на децата од предучилишна возраст со најразлични форми и програми, дизајнирани според современите трендови и најновите научни сознанија од областа на детскиот развој.
Потсистемот за предучилишно воспитание и образование
претставува дел од глобалниот воспитно-образовен систем во Република Македонија чија основна дејност е воспитание и образование на децата од 8 месеци до поаѓање во училиште. Најновите сознанија од теоријата на развојот на мозокот зборуваат за огромната важност на раните години за развојот на човекот.
Со разните програми за деца од предучилишна возраст на секое
дете треба да му се овозможат поволни услови за целокупен развој на неговите потенцијали. Во наредниот период се залагаме за максимален опфат на децата од 3 до 6-годишна возраст со цел да им се овозможат услови за подеднаков старт во основното училиште и функционално поврзување со следниот потсистем - основното образование. Потребно е да се обезбеди максимален опфат со различни форми на предучилишно воспитание на децата од ранливите групи (деца кои живеат во економски неразвиени подрачја, деца од социјално загрозени семејства, ромски деца, деца со пречки во психофизичкиот развој итн.).
2. ПРЕДИЗВИЦИ НА ПРЕДУЧИЛИШНОТО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ
Настанатите и тековните промени на општеството влијаат врз определувањето на предизвиците на предучилишното воспитание во Република Македонија доведувајќи и предизвикувајќи во континуитет нивно заемно делување и детерминираност. Денешната поставеност на предучилишното воспитание во целокупниот образовен систем на земјата, како и иновациите и реформите во областа на децентрализацијата на општеството наспроти современите светски трендови во предучилишното воспитание, нужно иницираат потреба од квалитативни и суштествени промени кои ќе можат успешно и целисходно да дадат одговори на поставените барања, потреби и услови. Зголемувањето на опфатот на сите деца со предучилишно воспитание претставува основен услов за подигнување на квалитетот и вертикална мобилност на генерациите во образовниот систем, како и кон заложбите за доживотно учење.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET