Filozofijata na empirizmot i nejzinite pedagoski aspekti (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Filozofijata na empirizmot i nejzinite pedagoski aspekti (makedonski)". Rad ima 22 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


Содржина:
Вовед
Филозофијата на емпиризмот и неговите педагошки аспекти
Францис Бекон
Џон Лок
Томас Хопс
Џорџ Беркли
Дејвид Хјум
Заклучок
Користена литература
Вовед
Philosophia est scientia universalis ordinis naturalis
(Филозофија е универзална наука за природниот ред)
 
Во почетокот на филозофијата стои љубопитноста. Нашата љубопитност се изразува низ нашата способност да поставуваме прашања. Филозофските прашања се разликуваат од сите останати по што тие се прашања за сите времиња. Додека најголем број луѓе се луѓе на, своето маало, на својот град, евентуално на својата држава и својот народ, епоха или нација, постојат и луѓе за кои секое одредување е претесно, кои со својот пример, со своите уверувања и идеи, се актуелни во секоја средина, и секоја епоха.
Филозофијата (φιλοσόφια) е комбинација на грчките зборови филос што значи љубов и софија што значи мудрост. Како дејност, цели кон некаков вид на разбирање, знаење или мудрост во врска со фундаменталните елементи како што се: стварноста, знаењето, значење, вредностите, постоењето, вистината... Невозможно е точно да се разликува филозофијата од други духовно и научно-уметничко гледишта на светот. Често, истакнати филозофи истовремено или наизменично се и теолози, научници, писатели и сл. Од друга страна, пак, луѓето вклучени во овие активности на човековиот дух и разум обично стануваат филозофи. Филозофот се обидува да се запозне себе и да го запознае светот околу. Зборот "филозофија" често се користи широко и означува еден светоглед, или посебен концепт, идеја, основа на делување на пр. "Неговата филозофија е дека животот треба да се ужива", "Нашата компанија е базирана на филозофијата дека клиентот е секогаш во право", итн.
Секој период од човековото постоење си има „своја филозофија“, односно гледиште на светот и толкување на работите, како и представници. Познатата филозофска теза, дека духовните диспозиции на еден народ зависат примарно од географските и климатски околности во кои живее. Претставниците на емпиризмот претежно потекнуваат од Велика Британија, Ирска и Шкотска. Токму поради тоа, тие се произнесле за основата на човековото сознание, сметајќи дека таа се базира на сетилната перцепција и искуството.
1. Филозофијата на емпиризмот и нејзините педагошки аспекти
Ибн Халдун, Монтескје, Вико и Хегел, во примерите на рационализмот и емпиризмот, може да најде силна поткрепа на тоа дека сите рационлисти, без исклучок, доаѓаат од европскиот континент, а сите емпиристисти, исто така без исклучок, доаѓаат од британскиот остров. Дали континентот стимулира доверба во разумот, а пак островот предупредува поголем респект за икуството, или се работи за нешто друго, неизвесно е. Во секој случај двете позиции и во својата суштина се онолку различни колку што компактното контитненталното копно, се разликува од изолираноста на островот.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET