Nadarenost (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Nadarenost (makedonski)". Rad ima 10 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

СОДРЖИНА:
1. Концептуализација на надареноста.................... 2
2.Определување на поимот училишна акцелерација............................................................... 3
3. Основи на потребата од забрзано напредување на учениците во основното училиште.................... 6
4. Форми на училишна акцелерација..................... 7
-Предвремено запишување на понапредните деца во основното училиште............................................. 7
-Акцелерација во одделенската настава................10
-Акцелерација во предметната настава................11
5. Теоретско–емпириски сознанија за акцелерацијата на учениците во основното училиште..................................................................... 12
1. КОНЦЕПТУАЛИЗАЦИЈА НА НАДАРЕНОСТА
Темата на овој труд е непосредно поврзана со поимот надареност со поимот надареност, па оттаму произлегува потребата за дефинирање и појаснување на овој поим.
Една од првите дефиниции за овој поим е Термановата, според која надареноста се сфаќа како висока општа интелектуална способност. За надарено дете се смета она кое на Стенфорд Бинеовиот тест на интелигенција имало IQ 140, па и над тоа. На сличен начин, надареноста како високо ниво на интелигенција ја сфаќаат и Бејкер и Холингворд, како и Даниелс, НОРИС И Бертли.
Во Енциклопедијата на педагошкото истражување поимот „Grifted Children“ го дефинира на следниов начин: „Надарените ученици ги надминуваат просечните во интелектуалните особини, во желбата за знаења, во оригиналноста, во насоченоста на своите цели и упорноста, во смислата за хумор и здраво расудување. Успехот на надарените во било кој период , во просек е поголем од нивните врсници.“
И. Фурлан надареноста ја дефинира како: „високо развиена способност – било општа, било некоја специфична, која овозможува натпросечен учинок во одредено подрачје“.
Од изложеново може да се констатира дека дефинициите за надареност варираат одс автор до автор, па дури и кај исти истражувачи во различни временски периоди може да се согледаат и одделни ралики во начинот на сфаќањето и дефинирањето на оваа појава.. Ова укажува дека надареноста е променлив поим, дека не постои една уневрзална дефиниција за надареност, туку постојат повеќе. Освен повеќе дефиниции, постојат и повеќе термини со кои се именува оваа појава, на пример: надарен, талентиран, даровит итн.
2. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПОИМОТ УЧИЛИШНА АКЦЕЛЕРАЦИЈА
Изразот акцелерација веќе подолго време се користи во неврологијата за појаснување на забрзаното влијание на определени нерви врз работата и функцијата на срцето. Во поново време, под овој поим во пошироко биолошко значење, се подразбира побрз развој на децата и младината или акцелерација во развојот во смисла на зголемување на брзината на развојот, поточно пшобзо поминување низ поедини развојни стадиуми и порадо достигнување одредено развојно ниво на некоја функција од она што го предвидуваат нормите за одредена возраст. Акцелерацијата се манифестира како во телесниот развој, така и во психички поглед, на пример, порано достигнување на интелектуална, социјална и емоционална зрелост.
Акцелерација на телесниот развој во одреден временски период е драстична, поинтензивна. Кога би се споредила денешната генерација со некоја од пред десет, па и повеќе години, се забележува дека темпото на физичкиот развој на физичкиот развој на денешните деца е многу побрз во однос на претходните генерации. Тие разлики се согледуваат6 во висината и тежината.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET