Moralno vospitanie (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Moralno vospitanie (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

СЕМИНАРСКА РАБОТА
По
Педагогија
Тема:
“Морално воспитание”
Скопје 2008
Вовед:
Педагогијата како наука го истражува воспитниот процес како дел на опшествената сварност, го проучува и унапредува предметот со кој се занимава, воспитанието или изградувањето на човекот.
Педагошката теорија произлегува од практиката на воспитанието како резултат на позитивните искуства на голем број воспитувачи и мислители кој во текот на историскиот развој осмислувале начини на воспитание. Развитокот на педагошката теорија и дефинирањето на педагогијата како наука и долготраен процес.
I. Поим, значење и функција на моралот и моралното воспитание
Се вели, во секое организирано општество, се воспоставуваат определени правила и норми на однесување на опшеството кон поединецот и групата, како и на поединецот и групата кон опшеството изразени преку однесувањето на личноста кон другите луѓе, кон самиот себе, кон работата и кон сите институции во опшеството. Правилата и нормите на однесување на луѓето се вика морал.
Како што постои моралот, постои и моралното воспитание со кое се учат новите генерации на добар и чесен живот каде желбата за доброто и убавото би ги водело во животот.
Всушност, самиот поим на моралот го разбираме како збир на сфаќања на доброто и лошото, систем на опшествени обичаи, како и идеали и насоки формирани во развојот на човекот во општеството.
Под морал се сфаќа односот на една единка со било која друга единка, група или општествена организација, но исто така и односот кон сопствените обврски. За добар однос се подразбира моралот, а за лош – неморалот.
Моралот има класен карактер и зависи од општественото уредување. На пр. во експлоаторските општества не се сметало за неморално ако капиталистот го користи трудот на работникот што е спротивно во комунистичкото општество.
Моралното воспитание го дефинираме како организирано, целенасочена, сложена и планирана општествена активност со цел кај личноста да се формираат морални особини. За една личност да биде морална, моралните норми и правила, начините на нивно почитување и опасностите од нивното непочитување.
Функција на моралното вспитание е да се насочат единките, како и запознаат, прифатат и почитуваат нормите и правилата во општеството.
II. Моралното воспитание и општествената стварност
Моралното воспитание е составен дел од севкупното воспитание. Неговите цели и содржини кои се користат за постигнување на тие цели се определени од моралните норми воспоставени во општеството, додека начинот на моралното воспитание е определен од општите и посебни педагошки законитости.
За разлика од денес, во минатото се мислело дека моралноста на човекот му е вродена. Поради тоа уште од најрано детство имало поделба на добри и лоши личности. Но, со развојот на општествените науки се докажува дека моралот е функција на општествениот живот. Според тоа, моралните вредности се израз на односите меѓу единките, единките и општествените класи, различни општествени слоеви до односите меѓу држави.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET