Vlijanieto na vospituvacot vrz preducilisnite deca (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Vlijanieto na vospituvacot vrz preducilisnite deca (makedonski)". Rad ima 6 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Влијанието на воспитувачот на изградување на слика за себе кај детето од предучилишна возраст
Најзначајниата карактеристика на детството е пронаоѓање на сопствениот идентитет. За да може да се спознае и прифати детето потребно е да ги запознае своите можности, своите предности, своите граници- особините по кој е слично и по кои се разликува од останатите индивидуи. Воспитувачот треба да му помогне на детето да стекне доверба во сопствените сили, односно, верување дека ако се обиде ќе има шанси да успее. Многу е важна сликата што детето ќе ја изгради за себе, како способна и снаодлива личност, која во одредена тешка ситуација ќе знае дека ако вложи напор ќе успее да ја совлада. Посебно е значајно кај детето кое е ангажирано во независни и креативни активности да изгради доверба дека тоа што го работи на свој начин е вредно и дека има смисла, дури и кога се разликува од општиот вкус или содржи грешки, чијa појава е нормална во процесот на делување. Исто така е важно детето да се научи како да се соочи со неуспех. Очекувањата во голема мера влијаат на детското однесување и развојот на концептот за себе, и кај децата се согледува дека тие постапуваат согласно со улогата која им е доделена, да ја „оправдаат довербата“ ако очекувањата се позитивни.
За да ги почитуваат другите, кај децата треба да се развијат нивните чувствата за сопствена вредност и важност, поради што мора да се избегнуваат сите однесувања и коментари што би го усрамиле,понижиле, и го направиле помалку вреден во сопствените очи. Поради тоа воспитувачот треба да избегнува закани, погрдни зборови и постојано докажување на својата моќ како на возрасни личности. Воспитувачот треба да покаже дека верува во неговите способности да се однесува зрело и одговорно, без разлика ако во некој одреден момент не го оправдал. Во своите очекувања, воспитувачот треба секогаш да се врти на она што детето може да го постигне, што значи развоен домен, успех и напредок. Ставот што детето ќе го има спрема сопствените грешки најмногу зависи од ставот на воспитувачот спрема нив. Во колку воспитувачот не придава големо значење на грешките и не предизвикува чувство на страв, вина и каење тогаш ни детето нема да се плаши во толкава мера, да предизвика кочница за неговите активности и тежнеењето за постепено осамостојување. Во колку детето постојано добива замерки, прекори за повеќето од работите кои ги превзема бидејќи го интересираат, бидејќи не ги разбира доволно возрасните од кои толку многу зависи, тоа ќе почне да чувствува неизвесност во поглед на своето однесување и недоверба во себе, кои се изразува низ чувство на вина. Ова чувство детето го подредува со надворешниот авторитет и тоа преставува препрека за развојот на самостојноста и независното мислење.
Предучилишното дете се опишува себе преку физичкиот изглед, разни тековни активности, лични предмети и слични нешта. На предучилишен период детето се уште нема развиен поим за себе, па поради тоа не е во можност да интегрира и заокружи внатрешно, минато и сегашно искуство, себе си, да се доживее како личност која има различни чувства и мисли во различни ситуации. Поимот за себе детето го гради врз основа на разликите помеѓу себе и другите, ова разликување во голема мерка зависат од вредносните судови кои другите ги соопштуваат за детето. Во колку често слуша глобални вредносни судови за себе, детето ќе изгради и глобална слика за себе и ќе тежнее да ги усогласи своите однесувања со него. Во колку често слуша судови од типот „ти не си добар“, „ ти не си послушен“ детето ќе сфати дека е такво какво му кажуваат али нема да знае што треба да промени за да биде „добро“ и „послушно„ дете.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET