Vlijanieto na empiristickata filozofija na razvojot na ucilistata (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Vlijanieto na empiristickata filozofija na razvojot na ucilistata (makedonski)". Rad ima 24 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет ”Гоце Делчев„ Штип
Дипломска работа по предметот училишна педагогија
Тема: Нововековните филозофско – педагошки погледи како основа за теориите на училиштето
Изработил: Ментор:
Славица Ѓузелова доц. д-р Соња
Одделенска настава Петровска
12887
Штип 2007
Вовед
Училишната теорија е синтеза на повеќе научно потврдени толкувања и достигнувања.Училишната теорија ја обработува целокупната училишна организација.
Многу филозофи и педагози го проучувале човековото сознавање и секој имал своја теорија на толкување.Познати филозофи кој дале голем придонес во развитокот на педагогијата се: Бекон, Декарт, Џон Лок, Жан Жак Русо, и познатиот педагог Коменски.Коменски ги зацртал основните дидактички принципи и вовел нова организација во училиштата.Во периодот на просветителството се јавиле многубројни научни откривања.
Француските филозофи материјалисти и енциклопедисти мислеле дека со просветителството може да се преобрази светот.Развојот на новоевропската култура неможе да се запознае и сфати без запознавање и проучување на класичната германска филозофија.Проучените германски класични филозофи (Кант, Фихте, Шелинг и Хегел) иако директно не се занимавале со прашања од педагогијата, сепак нивните теории и проучувања имаат големо значење во развојот на педагогијата и воопшто за теоријата на училиштата.
Влијанието на емпиристичката филозофија на развојот на училиштата
Францис Бекон е англиски филозоф кој прв ги удрил темелите на новиот поглед кон светот.Се спротивставувал на неплодните сколастички мислења и изградил општ план за обнова на науката.
Негови позначајни дела се: „Унапређивање науке ” , „Нова Атлантида” , „Есеји” а за педагогијата најзначајни се „Подела науке” , „О вредности и напретку науке” и „Нови органон науке”, „Мала енциклопедија Просвета”.
Седумнаесеттиот век во земјите на западна Европа (Франција, Германија и Холандија) донел два значајни, испреплетени но сепак посебни филозовски правци.Тоа се емпиризам и рационализам.
Емпиризмот како правец во теоријата на знаењето, како главен извор на целокупното човечко учење ги зема сетилните инстинкти.Во педагогијата тоа е теориски и методолошки правец според кое целокупното сознавање за педагошките појави и проблеми може да се стекне и да се изведе со проучување на реалните факти.Реалниот свет треба темелно да го набљудуваме, испитуваме и истражуваме.Заради тоа што природата не ги открива лесно своите закони ,бидејќи е многу по сложена и истенчена од човекиот мозок и сетила,потребно е да се најде соодветна научна метода.Тоа е индукција.Францис Бекон и други претставници на емпиризмот мислат дека оваа метода е погодна бидејки секогаш поаѓа од поединечност, потоа спроведува набљудување,утврдување на поимите и законитостите, ги воздигнува на високо ниво, и доаѓа до општото, односно до општите поими и закони.
Општи карактеристики на индуктивните методи се систематичност и постепеност.Бекон ги разработил патиштата на научната индукција и покажува на индуктивната логика.Бекон под поимот педагогија подразбира само вештина во пренесувањето на знаењето (дидактика).Бекановото материјалистичко – емпиристичко учење за методата и покрај многуте ограничувања имало големо влијание на будењето на човековите мисли од средновековниот сон.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET