Reformi vo obrazovanieto vo Makedonija i Slovenija (Makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Reformi vo obrazovanieto vo Makedonija i Slovenija (Makedonski)". Rad ima 19 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА
ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ - БИТОЛА
ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ
МЕНАЏМЕНТ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
ПРЕДМЕТ:
ОБРАЗОВНИ СИСТЕМИ
ТЕМА:
РЕФОРМИ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Битола, септември 2009
СОДРЖИНА:
Вовед ......................................................................................... стр. 3
Основно образование .............................................................. стр. 4
Цел и задачи на основното образование ............................... стр. 4
Основни задачи на основното образование .......................... стр. 5
Организација и управување .................................................... стр. 6
Образовниот систем и реформите .......................................... стр. 7
Реформи во основното образование ....................................... стр. 8
Децентрализација на образованието ...................................... стр. 9
Финансирање на основното образование .............................. стр. 10
Деветолетка .............................................................................. стр. 12
Очекувани резултати по завршувањето на деветолетката ....стр. 14
Компјутеризација на образованието ...................................... стр. 15
Главни новини во наставниот план ........................................ стр. 16
Заклучок .................................................................................... стр. 18
Библиографија .......................................................................... стр. 19
ВОВЕД
Училиштето е мошне стара воспитно-образовна организација која, гледано историски, се менува зависно од општествените промени и се приспособува кон новите барања на општеството и неговите членови. Благодарение на таа своја динамичност, училиштето успеало да преживее многу постапни и револуционерни општествени промени, успешно сообразувајќи се со новонастанатите услови и околини.
Образовниот систем е отворен, реален, динамичен и затоа е секогаш отворен за промени кои секако се имплеменираат во истиот со цел зголемување на квалитетот на образованието на учениците, но секако и следење на напредокот во образовните системи во земјите во Европа и светот. Самиот податок дека во еден образовен систем се работи на имплементација на промени и реформи укажува на фактот дека тој систем како таков е во тек со целокупниот светски напредок во сите сфери, па затоа се искористува најпозитивното за да се вклучи како процес кој ќе помогне во воспитно - образовната работа.
Образовниот систем како таков во себе ги вклучува сите видови образование кои може да се стекнат во нашата земја, започнувајќи од основно образование, средно образование, високо образование, постдипломски и докторски студии, образование за возрасни.
Промените започнуваат со нивното планирање со Националната програма за развој на образованието 2005 - 2015 година, според која постапно се предвидени голем број промени и реформи кои ќе го доведат образовниот систем во нашата земја до голем број придобивки.
Како во светот, така и кај нас, во последната деценија на минатиот век и почетокот на овој век, во образовниот систем се сретнуваат мноштво иновации предизвикани од промените во опкружувањето. Дојде до промени во хуманизмот и општествените уредувања, но и техничко-технолошкиот развој доживува експанзија без граници.
Во областа на образованието се отвараат нови хоризонти на сите нивоа. Образовниот систем не е во можност да му го овозможи тоа што му е потребно на општеството затоа што во моментот, не се искористуваат сите потенцијали кои пружаат нови сознанија од областа на педагогијата и информатичките технологии.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET