Multietnicko obrazovanie (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Multietnicko obrazovanie (makedonski)". Rad ima 10 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Универзитет "Гоце Делчев" Штип
Педагошки факултет
Семенарска работа по мултикултурно образование
Тема: Мултиетничко образование
Ментор: Изработил:
Проф.Владо Петровски Ивана Јорданова 14385
СОДРЖИНА
Вовед....................................................................................2
Поим за мултиетничко образование..................................3
Фази на мултиетничко образование..................................5
Mултиетничко образование................................................7
Заклучок ..............................................................................9
Користена литература.......................................................10
ВОВЕД
ПОИМ ЗА МУЛТИЕТНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ
Поимот мултиетничко образование во пошироката смисла се однесува на секоја програма која овозможува запознавање и усвојување на културните вредности и обележја не само на своите, туку и на другите култури. Во тој поглед, наставните програми во монокултурните и монолингвалните средини опфаќаат одредени содржини за другите народи во минатото и во сегашноста што може да придонесе за постигнување на хуманистичко воспитание. Сепак, мултиентичкото образование се однесува, пред се, на тие програми кои се реализираат во повеќекултурните општества, а се насочени на запознавање на културните обележја на својата и на другите заедници. Теоретичарот Верн нагласува дека "мултиентичкото образование претставува образовни програми кои не се однесуваат само на малцинствата, туку и на целокупната општествена заедница било тоа да се големи или мали заедници°. Мултикултурализмот во е општествено движење кое се јавува од демократските определби за почитување на граѓанските и човековите права и слободи, како и права за негување и развивање на националните и на културните вредности и особености, права на разлики на одредено ниво за поврзаност со другите групи - заедници и нивно интегрирање.
Односите на припадниците на различните групи-заедници и нивната културна различност се следени со одредена динамика, а понекогаш се прикриени и условени со историските, економските, политичките и актуелните политички појави. Оттука и свеста за етничкиот, културниот, јазичниот и регионалниот идентитет понекогаш се маскираат со митот за национално единство или барањата на мнозинските групи за хомогенизација на повеќекултурната заедница.
Денес се повеќе се говори за интегрирање на припадниците на малцинските групи, да бидат лојални членови на повеќекултурното општество, да се вклучуваат во институциите на системот на државата, слободно да ја реализираат културната размена со другите заедници-групи и на тој начин ја збогатат широката заедница, зачувувајќи ја и развивајќи ја својата посебност и специфичност.
Мултиентичкото општество и образование  настојуваат да го дадат својот придонес и одговори на потребите, и да ги признаат културните разлики на одделните групи. При сето тоа се користени  различни стратегии од интензификација на учењето на службениот јазик, преку организирано учење на мајчиниот јазик на малцинските групи, запознавање и усвојување на вредностите на сопствената култура и културата на другите и разновидни форми на двојазична настава. На тој начин се стекнува билингвално образование до воведување на интеркултурната стратегија во образованието на учениците од малцинската со мнозинската заедница.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET