Analiza na novinarski tekstovi za parlamentarnite izbori od 2008 (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Analiza na novinarski tekstovi za parlamentarnite izbori od 2008 (makedonski)". Rad ima 9 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
ВИСОКА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО
И ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА
Студиска програма: Односи со јавност
Анализа на новинарски текстови за парламентарните избори од 2008
семинарска работа
Студент: Наставен професор:
Лира Џокиќ Владимир Мисев
Скопје, декември 2009 година
Содржина
Вовед…...............................................................................................................................3
Анализа на новинарски текстови за парламентарните избори од 2008 година..................................................................................................................................5
Заклучок..............................................................................................................................8
Користена литература........................................................................................................9
Вовед
Демократијата е грчки термин за народната власт, му дава можност на народот да влијае преку една или друга форма. Во демократско општество народот сам одлучува за законите со кои ќе владее, како и таксата и данокот што треба да ги платат. Абрахам Линколн ја дефинира демократијата како: „Владеење од народот, со народот, за народот.“.
Демократскиот систем овозможува на секои четири години народот да ги избира своите претставници во Парламентот. Претставниците се избираат така што пред денот на изборите, кандидатите се фокусираат на кампањи и на јавни излагања на кои имаат контакт со народот и на кои ги објаснуваат и споделуваат своите намери, цели и залагања. Од нивните излагања народот согледува кој кандидат какви ставови застапува , па според тоа ги даваат своите гласови. Секој гласа за кандидатот кој оставил најголем впечаток и кој успеал да согледа кои се најголемите прашања, грижи и потреби на народот. Иако регуларните парламентарни избори се на секои 4 години, некогаш се случува, од различни причини да се поднесе иницијатива од некои претставници во парламентот за предвремени избори.
Во Република Македонија, демократска држава, се одржани 5 регуларни и едни вонредни, предвремени парламентарни избори. Причина за предвремените парламентарни избори, кои се одржаа на 1 јуни 2008 год., беше распуштањето на Собранието на Р. Македонија на 12 април 2008 год.
Овие избори беа во фокусот на сите медиуми. Кандидатите, нивните пред изборни кампањи, па и конфликтите помеѓу некои од претставниците на различни партии беа целосно следени и „сервирани“ на јавноста од медиумите.
Но, не сите медиуми се подеднакво сконцентрирани на истите партии и кандидати.
Не би требало медиумите да се партиски определени, и да се не е во ред тоа да го покажуваат и истакнуваат. Доста е впечатливо, особено во време на избори, кој медиум е партиски определен и доколку е, за која партија е определен. Би требало барем тие кои ги пренесуваат сите информации на јавноста да бидат непристрасни и објективни, но за жал не се.
Пример кој би можела да издвојам за ова е дневниот печат „Вечер“.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET