Postavenost na rabotna stanica i osvetluvanje (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Postavenost na rabotna stanica i osvetluvanje (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
УНИВЕРЗИТЕТ "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" – ШТИП
Машински факултет – Виница
ИНДИВИДУАЛНА РАБОТА
тема:
КОМПЈУТЕРИ И ЕРГОНОМИЈА – ПОСТАВЕНОСТ НА РАБОТНАТА СТАНИЦА И ОСВЕТЛУВАЊЕ
Ментор кандидат
Содржина
Вовед...............................................................................................................2
Распоред на работната станица – компјутерска ергономија......................3
Позиција на тастатурата.....................................................................3
Глувче и некои влезни уреди..............................................................5
Позиција на мониторот........................................................................6
Седење.................................................................................................7
Клупи.....................................................................................................7
Држач на документи............................................................................7
Осветлување – компјутерска ергономија.....................................................8
Заклучок..........................................................................................................10
Користена литература....................................................................................11
Вовед
Во овoj текст се дискутира за здравјето на работникот и безбедносните причини во врска со работата изведена со користење на компјутер на работното место. Текстот содржи корисни информации за заштита и правилно работење на работникот на работното место.
Продолжената работа со компјутер може да доведе до мускулна слабост и непријатност, обично во грбот, рацете, рамената и вратот. Ако компјутерот се користи за подол период во непријатни позиции, постои ризик од мускулатурни повреди. Овој ризик се зголемува со зголемување на интензитетот на работа на компјутерот. Често изворот на мускулниот замор е неудобната поза на операторот додека работи со компјутерот.
Компјутерските оператори(корисници на компјутерот) можат да доживеат визуелна како и мускулна слабост и непријатност. Симптомите вклучуваат напрегање на очите, заматен вид и главоболка. Изгледот на компјутерското биро може да ги зголеми визуелните барања на операторите како што се светлосните нивоа и сјајот.
Во овој текст се дискутира и за фактори кои влијаат на физичките и визуелните барања на лугето кои работат со компјутери. Се обраќа на изгледот на работната станица, за покривање на релевантните делови од компјутерот(тастатурата, монитор, глушец). Исто така се осврнува на осветлување на работната површина.
Распоредот на работната станица – компјутерска ергономија
Во овој дел се опишуваат пози кои бараат да се минимизираат постуралните барања. Сепак треба да се напомене дека по некое време корисникот на компјутерот станува уморен и дека промените на телото се важни. Па така позите се опишани и илустрирани на слика 1, е упатство за општата соодветност на позите и тоа не се само препорачани пози.
Како што е наведено во Канадската Асоцијација за стандардизација (СЅА) во упатството за движење пишува дека е важно да се минимизираат позите коишто предизвикуваат замор и неудобност. Движењето може да вклучи малку адаптација на позиционирањето на главата, рамената, рацете, грбот, колковите и нозете.
Позиција на тастатурата
Кога се работи на тастатурата, операторот треба да седи со надлактицата која треба да виси природно. Колената треба да се свиткани на околу 90° агол кога прстите се во типична позиција на домашниот ред на тастатурата. Оваа позиција овозможува на рацете и зглобовите да се одржат во природна и релаксирана положба и да го намалат физичкиот стрес на мускулите и зглобовите.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET