Papirusot kako materijal za pišuvanje (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Papirusot kako materijal za pišuvanje (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА
ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА
ПАПИРУСОТ КАКО МАТЕРИЈАЛ ЗА ПИШУВАЊЕ
Семинарска изработка по
БИБЛИОТЕКАРСТВО
МЕНТОР: ИЗРАБОТИЛ:
Проф. д-р. Снежана Крстаноска
Насока – учители
Бр. на индекс - 2735
ВОВЕД:
Една од најпотребните работи на човекот , пред неколку илјади години и денес е хартијата. Без неа не би можело културата на цивилизациите, да достигне толкаво ниво, какво што е денес во современиот свет. Но кога веќе ја споменуваме хартијата не би било достојно да не го споменеме нејзиното потекло. Потеклото на хартијата е од големо значење за сите писмености на овој свет. Но, пред се не треба да заборавиме дека пред постоењето на денешната хартија како материјал за пишување постоеле други нејзини претходници како материјал за запечатување на типичните особини на едно општество.
Значи папирусот е прв материјал за пишување во историјата. Се создава од самоникнувачкото мочурливо растение (трска со латинско име ciperus papyrus-папирус), кое најчесто расте по долината на реката Нил – која старите Египјани ја обработувале и го добивале стариот папирус на кој ги нанесувале т.е. пишувале нивните законитости, правила, својата култура и др. значајни работи важни за нивната цивилизација.
Папирусот е пронајден од Египќаните од пред околу 2000 години пред нашата ера. Во Грција папирусот е пренесен во седмиот век пред нашата ера, а оттука во Рим и останатите делови на Европа, каде како материјал за пишување се употребувал се до десетиот век од нашата ера.
По папирусот се открива пергаментот, кој бил изработен од животинска кожа кој исто така потекнува од времето пред нашата ера и бил многу скап но и најтраен.
По паргаментот се открива денешната хартија, која е еден од најважните елементи за напредокот на овој свет. На неа се пишуваат важни и значајни работи за цивилизација на младите единки на овој свет (ученците).
1
ОПШТО ЗА РАСТЕНИЕТО ПАПИРУС
Cyperus papyrus е високо, снажно, водно растение, кое обично може да порасне од 4-5 метри. Тоа е растение слично на трска, припаѓа на фамилијата Cyperaceae, стеблото му е меко и понекогаш дебело колку човечката рака. На тоа растение се наоѓаат група на триаголни зелени стебла кои излегуваат од дебели, дрвени корења. На врвот од стеблото се наоѓаат гранки кои даваат облик на оскубана и неуредна коса. Тие гранки се долги од 10-30 сантиметри и наликуваат на долги, тенки, светло-зелени конци. Оваа група на конци потсетува на собирач на прашина особено кога растението е младо. Листовите на папирусот се мали и личат на густа трева. На нив се развиваат мали, зелено-кафеави, невпечатливи цветови, кои се појавуваат на врвот од кончестите гранки. Корењата на папирусот се големи и неговите помлади делови се покриени со црвено-кафеави, триаголни лушпи.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET