Vodstvo i etika (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Vodstvo i etika (makedonski)". Rad ima 17 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


Предмет:
Водство и етика
Доминантни етички теории во бизнисот денес. Да се направи преглед на истите
Бизнис етиката е форма на применета етика која ги испитува етичките принципи и моралните и етички проблеми кои се јавуваат во бизнис околината. Таа се однесува на сите аспекти од бизнис светот и е релевантна како за поединецот, така и за бизнис организациите како целина. Применета етика е дел од етиката кој се занимава со етички прашања од многу полиња (медицина, техника, право, бизнис и сл.).
Кај пазарите во 21-от век, се јави потреба за етички бизнис процеси и акции. Паралелно, се притискаат индустриите да ја подобрат бизнис етиката преку нови закони и регулативи (на пример повисоките патарини за возила со поголема емисија на штетни гасови во Велика Британија). Бизнисите често можат да добијат краткорочна придобивка или конкурентска предност преку однесување на неетички начин, меѓутоа такво однесување може да ги поткопа темелите на економијата.
Бизнис етиката може да биде нормативна или дескриптивна дисциплина. Како корпоративна пракса и специјализација во кариерата таа е повеќе нормативна. Во академските институции се користи дескриптивниот пристап. Квалитетот и квантитетот на бизнис етиката го рефлектира степенот на кој бизнисот сака да се најде во однос на неекономските социјални вредности. Историски, интерестот за бизнис етиката драматично се зголеми за време на 1980-те и 1990-те, во големите корпорации и во академските институции. На пример, денес повеќето вебсајтови на големите корпорации го нагласуваат промовирањето на неекономски социјални вредности под разни наслови (етички кодекс, код на етика, социјална одговорност и сл.). Во некои случаи, корпорациите ги редефинираа своите суштествени вредности со цел да се промовираат одредени етички принципи.
Конфликт на интереси
Бизнис етиката може да биде истражувана од различни перспективи, вклучувајќи ги меѓу нив перспективата на вработените, комерцијалниот сектор и општеството како целина. Многу често, се случуваат ситуации на конфликт меѓу две страни, такви што служењето на интересите на едната страна е штета за другата страна. На пример, одреден исход може да биде добар за вработениот, но тој може да биде лош за компанијата или општеството и обратно. Некои етичари ја гледаат улогата на етиката во хармонизација на конфликтот на интереси.
Eтички проблеми и пристапи
Филозофите и други не се согласуваат за целта на бизнис етиката во општеството. На пример, некои велат дека главната цел на бизнисот е да го максимизира приносот на неговите сопственици или во случај на јавно поседувано друштво на неговите акционери. Според ова гледиште, само тие активности кои ќе ја зголемат профитабилноста и вредноста на акционерите треба да бидат извршени, бидејќи секоја друга активност делува како данок на профитот. Некои веруваат дека единствените компании кои ќе успеат да преживеат на компетитивен пазар се оние кои ја поставуваат максимизацијата на профитот над се друго. Сепак, за да го стори тоа фирмата мора да го почитува законот и да се потчини на основните морални начела, бидејќи ако не го стори тоа може да подлежи на казни, губење на лиценца за работа или пад на репутацијата на компанијата. Познатиот економист Милтон Фридман беше основоположник на ова мислење.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET