Neverbalna komunikacija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Neverbalna komunikacija (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ
Факултет за менаџмент со човечки ресурси
Предмет: Современ менаџмент
Тема: Невербална комуникација
- семинарска работа -
Предметен професор: Кандидат: Фердо Павлов
Проф. Д-р Тодор Кралев бр. на индекс: 300180
Скопје, Февруари 2012
СОДРЖИНА
Вовед.................................................................................................................................стр.3
1. Дефинирање на невербалната комуникација.......................................................стр.4
2. Канали на невербална комуникација......................... ...........................................стр.5
3. Културолошки разлики во невербалната комуникација....................................стр.12
Заклучок...........................................................................................................................стр.15
Користена литература...................................................................................................стр.16
Вовед
Како социјани суштества ние не можеме да живееме еден без друг. При самиот контакт остваруваме некој вид на комуникација. Комуникацијата е процес помеѓу испраќач и примач. Секој од нив комуникацијата ја перципира, стекнува искуства и интерпретира, различно низ сопствениот субјективен одраз. Постои комуникација при која зборовите немаат апсолутно никакво значење. Овде акцентот е ставен, не на конкретна порака, тука на односите и интерациите помеѓу поединците.Секојпат кога воспоставуваме контакт со некоја личност, телото го потпомага она што го зборуваме со десетици мали гестови, мимики, промени во држењето и изразот на лицето. Секој човек може да изучува разни јазици и работа со компјутери. Единствено нешто со кое може луѓето да се разберат независно од говорното подрачје и културните разлики е невербалното комуницирање. Вербалните и невербалните пораки може меѓусебно да се совпаѓаат или да се разликуваат со јазик изразуваме едно, а со телото изразуваме нешто друго пример: со вербално комуницирање „Сега ќе те истепам“ со невербална комуникација насмевка на лицето што претставува сосема спротивно значење. Голем број на истражување потврдуваат дека зборовите знаат честопати да излажат, но говорот на телото е тоа кое игра улога на предавник, па доколку вербалното е во конфликт со невербалното, второто е она на кое повеќе му се верува. Говорот на телото посебно се користи за изразување на чувства и емоции. Невербалната комуникација најчесто е на потсвесно ниво и на таков начин го определува квалитетот на комуникацијата, токму поради ова потребно е личноста да е свесна за невербалните сигнали.
Сепак треба да се имаат во предвид и несмеат да се занемарат и културните разлики помеѓу луѓето, самите околности на одвивање на комуникацијата, како и односот помеѓу самите поединци. Ова заначи дка еден знак, сигнал, гест нема исто значење насекаде во светот. Постојат и посебни групи на луѓе кои имаат развиено специфичен говор на телото својствен само за нив пример за вакви групи се: војниците, затворениците, полицајците, за кои постојат низа предрасуди од останатиот свет.
Сето ова погоре изнсено, покажува, дека познавањето на невербалната комуникација, може да ни помогне подобро да ги разбереме луѓето и да ги намалиме недоразбирањата во комуникацијата.
1. Дефинирање на невербалната комуникација
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET