Менаџмент на инфорМеnаdžmеnt nа infоrmаciskiоt sistеm vо Мinistеrstvоtо zа оdbrаnа nа R | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Менаџмент на инфорМеnаdžmеnt nа infоrmаciskiоt sistеm vо Мinistеrstvоtо zа оdbrаnа nа R.Маkеdоniја (makedonski)". Rad ima 9 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ
Висока стручна школа
Додипломски студии по оперативен менаџмент
Проектен извештај по предметот
МЕНАЏМЕНТ НА ИНФОРМАЦИОНИ СИСТЕМИ
Менаџмент на информацискиот систем во Министерството за одбрана на Р.Македонија
Изработил:
Дарко Стојчев
Досие бр.1069
Битола, 2010
Содржина
ВОВЕД ........................................................................................................ 3
Согледување на проблемот ................................................................ 4
Мислење за можно решение .............................................................. 6
ЗАКЛУЧОК .................................................................................................. 7
Библиографија ........................................................................................... 8
ВОВЕД
Информациските системи, нивните улоги во организациите, во развивањето и користењето на менаџментот се основните елементи на овој предмет. Определената информација мора да биде набавена за менаџерите во процесот на донесување на одлука во целина, како и за извештај, за рутински, односно не рутински одлуки. МИС исто така задоволува различни функции базирани на различни одлуки донесени од менаџерите на различни хиерархиски нивоа во организациите. Членовите на организацијата мора да сметаат на компонентите на системот за поддршка при одлучувањето, целосниот организациски информационен систем и нивната употребливост од менаџерите. Сите компјутерски субсистеми ги поддржуваат менаџерските одлуки донесени на специфичен начин. Последните цели на информацискиот систем на организацијата и на менаџерите што го користат се слични. МИС претставува компјутерски заснован информациски систем, кој произведува извештаи и често овозможува on-line пристап или директен пристап до тековните и поранешните информации, кои им се потребни на менаџерите претежно од средните нивоа и на нивоата од линиски менаџмент.
МИС е обемен. МИС вклучува системи за обработка на трансакции и информациони системи што се дизајнирани првенствено за менаџери на сите нивоа. МИС опфаќа формални и неформални информациони системи во кои спаѓаат како рачни така и компјутерски системи, воедно вклучува и: информациони системи за проекти, информациони системи за канцелариско работење, информациони системи за прогнозирање, известувачки итн.
МИС е координиран . МИС користи утврдени критериуми за квалитет. МИС мора да биде креиран со бараните критериуми за благовременост, релевантност и точност на информацијата. МИС, исто така, треба да обезбедува извештај за сопствената ефикасност и ефективност.
1.Согледување на проблемот
Министрерството за одбрана изработи програм за планирање и извршување на процесот на управување со персоналот во самото министерство. Притоа истиот е оразложен во понатамошниот текст.
Персонал Менаџмент Информациски Систем (ПМИС) , како дел од Глобалниот комуникациско-информацискиот систем (ГКИС) на Министерството за одбрана, претставува информациски систем за планирање и извршување на процесот на управување со персоналот во МО и АРМ. Изработката и имплементацијата на ПМИС, како еден од основните приоритети согласно Акциониот План за членство во НАТО, ќе има директно влијание и подршка на реорганизацијата на одбранбените структури и нивна професионализација во периодот до 2007 година
Дефинирањето на функционалноста на ПМИС се базира на Стратегискиот одбранбен преглед и Динамичкиот план за реализација на активностите по СОП-от, дефинираната Стратегијата за управување со човечки ресурси изразена преку политики и програми.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET