Organizaciskata klima i konflikti (Makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Organizaciskata klima i konflikti (Makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ
Последипломски студии
Менаџмент на човечки ресурси во општествените дејности-
Семинарска работа по предметот
Социологија и психологија на организациите
На тема:
ОРГАНИЗАЦИСКАТА КЛИМА И КОНФЛИКТИ
Ментор:
Проф. Д-р Милева Ѓуровска
Изработил:
Цветанка Милосковска
Соодржина:
Вовед
Водство и организациска клима
Водството и комуникацијата
Конфликти, поим и видови
Улогата на водачот во градењето на климата и разрешувањето на конфликтите
Литература
ОРГАНИЗАЦИСКАТА КЛИМА И КОНФЛИКТИТЕ
Вовед
Најкаректиристичните менаџерски поими што се одлика на последниве осумнаесет години, се термините како транзиција, реформи, промени, приватизација. За една млада држава како што е нашата, овие термини навистина се одлика на еден период на преструктуирање на многу сегменти од нејзиниот општествен, политички, стопански, економски и јавен живот. Токму затоа, потребата од вистинско водство е повеќе од потребно, затоа што тоа е “светилник кој го осветлува патот покој што чекорат неговите следбеници”.
Водството особено е потребно во работните организации кои претставуваат клетка на секој сегмент од општествениот живот. Да се водат луѓето кон остварувањето на организациските цели е предизвик за секој менаџер. Водачот е тој кој со своето влијание и личен пример ( природно, наметнато и спонтано прифатено) учествува во градењето на правилни интерперсонмални односи меѓу вработените, влијае врз утврдувањето на нормите и вредностите карактеристични за културата на организацијата, ги практикува елементите кои влијаат врз изградувањето на здрава организацискаклима, се соочува и ги разрешува организациските конфликти и слично.
Водството и организациската клима
Водството како тема особено се наметна воосумдесеттите години
па наваму, кога голем број научни работници истражуваа и издадоа книги за овој феномен. Ова секаконе значи дека за овој поим, што посебно сега се актуелизира бидејќи е карактеристичен за кој било организациски развој, ништо не се знаело. ИМено како што ќе заклучи Роберт Фалмер, тој датира многу одамна, барем од Платон и неговиот опис на филозофот –крал на Републиката . Долгата историја и повторното актуелизирање на овојк поим преку голем број на истражувања вршени од различни апекти, ни даваат основа и водството да го третираме како наука, која иако се уште се смета за недоволно развиена,сепак ни дава основа за проучување и применување на добиените сознанија, особено оние за однесувањето на водачите, карактеристиките и одликите на харизматските водачи и слично.
Водството, всушност, претсдтавува активен процес чија што основна цел е да ги обедини луѓето околу некоја заедничка вредност од којашто истите би црпеле мотиви, потреби и желби да го направат она што од нив се бара. Тоа не смее да се изедначи со некоја раководна позиција во организацијата, затоа што назначувањето на одредена личност на тоа раководно место, не гоправи во исто време и водач. Единствено, преку желбата за соработка, тимското работење, коректен и чесен однос, доследност и креативност во работата може да се наметне претпоставениот како вистински водач. Притоа, познато е дека добриот водач раководи со три позиции: на чело на групата, укажувајќи на патот, во средината –охрабрувајќи го мнозинството, и во заднината, собирајќи ги заостанатите .
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET