Organizacija na makedonska svadba (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Organizacija na makedonska svadba (makedonski)". Rad ima 25 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ
СКОПЈЕ
Организација на македонска свадба
Семинарска работа
Студент :
Ментор :
Проф.д-р Кирил Постолов
Октомври 2010
Marija
Содржина
Вовед 3
Традиционална македонска свадба 6
Канење на гостите кај традиционалната македонска свадба 6
Адети и обичаи кај традиционалната свадба 6
Современа македонска свадба 10
Канење на гостите кај современата свадба 10
Адети и обичаи кај современата свадба 10
Одење по невестата 11
Регистрација во матично 16
Регистрација во Црква 17
Веселба во ресторан 18
„Блага ракија“ 20
Што се треба да се организира пред свадбата? 20
Користена литература: 25
Интернет: 25
Вовед
Сите би се сложиле дека свадбата е прослава на чинот на стапување во брак на двајца малди, иако не е задожително младенците да битат и навистина млади.Првата одлука што малденците ќе треба да ја донесат во врска со нивната свадба е дали ќе ја организираат сами или ќе ги користат услугите на специјализирана Агенција за организирање на прослави. Денес постојат повеќе агенции за организација на разни прослави, меѓу кои како една од посложените е секако свадбата. Доколку се одлучат за користење на услугите на Агенција, целата организација се препушта во рацете на искусните агенти , на младенците останува само да ги искажат сопствените желби и можности. Честопати кога зборуваме за организација на македонска свадба мислиме на сопствена организација, популарно кажано „во сопствена режија“, случај кој ќе биде обработен во овој стручен труд.
Основата на секоја свадба се малденците и нивната желба да стапат во брак, без нив свадбата не може да се оствари. Затоа и не е погрешно ако се каже дека организацијата започнува веднаш по изборот на брачниот партнер. Како малденците ја пренесуваат информацијата за нивната одлука да стапат во брак, така и групата на „свадбари“ расте, тука се пред се нивните родители и потесно семејство, како и кумот и старосватот кои ја имаат улогата на сведоци на самиот чин. Младоженецот го избира деверот , неженето момче обично негов брат или братучед кој има улога да ја чува невестата и учествува во сите адети и обичаи. Младоженецот истотака го избира кумот, кој може да биде нов кум, или пак да одлучи да го продолжи старото кумство доследно на македонската традиција. Невестата ги избира старосватот и деверушата, која како и деверот е од блиска роднинска врска и има слична улога, додека старосватот обично се бира по пријателска линија. Оваа група на луѓе ја има главната улога на македонската свадба, но не и во самата организација, каде учествуваат младенците и нивните родители. Платежната состојба на малденците и меѓучовечките односи во семејството, како и времето на располагање имаат најголемо влијание при организацијата на свадбата, особено при носењето на одлуките. Во идеален случај сите се среќни и задоволни, задоволени се сите желби, не постојат конфликти и свадбата буди само пријатни спомени. Колку повеќе време и внимание се посвети во процесот на организацијата, толку поверојатно е дека ќе организирате идеална свадба, без разлика на крајниот паричен трошок. Традиционално младенците биле гости на сопствената свадба, севкупната организација била во рацете на нивните родители,кои воедно ја плаќале сметката на крајот. Меѓутоа со тек на време како се поместува временскиот праг за стапување во брак, младенците како позрели личности со изградени сопствени ставови и преференции имаат се поголемо учество во самата организација. Па затоа во денешно време имаме и македонски свадби чии организатори и покровители се самите младенци, што го прави процесот на одлучување многу поедноставен. Сепак најбитни се меѓучовечките односи, инаку дури и најмалите одлуки ќе бидат критични точки за избивање на конфликт, кои при организирање на свадбена веселба мора да се избегнуваат. Организаторите на свадбата треба пред се да го одберат терминот, да одлучат дали ќе се придржуваат кон адетите и обичаите, колку дена ќе трае самата свадба, дали се ќе биде организирано во еден ден или свадбената веселба ќе биде направена некој друг ден откако ќе помине регистацијата во матичната служба за венчавање и црковната церемонија. Македонската традиционална свадба започнува во среда со предсвадбените церемонии, а завршува во понеделник со „блага ракија“ односно постсвадбени церемонии.Современата македонската свадба трае еден до два дена и тогаш се извршу
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET