Sovremeni priodi na liderstvoto (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Sovremeni priodi na liderstvoto (makedonski)". Rad ima 17 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Содржина:
А. ПРЕДМЕТ И ЦЕЛ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО 2
Б. ПЛАН НА ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА МАТЕРИЈАТА 3
1. ТЕОРИЈА НА ХАРИЗМАТИЧНО ЛИДЕРСТВО 4
2. ТЕОРИЈА НА ТРАНСАКЦИОНО И ТРАНСФОРМАЦИОНО ЛИДЕРСТВО 9
2.1. ТРАНСАКЦИОНО ЛИДЕРСТВО 9
2.2. ТРАНСФОРМАЦИОНО ЛИДЕРСТВО 10
3. СУПСТИТУТИ НА ЛИДЕРСТВОТО 14
3.1. СУПЕРЛИДЕРСТВО 17
В. ЗАКЛУЧОК 19
Г. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 20
А. ПРЕДМЕТ И ЦЕЛ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО
Лидерството е концепт кој го фасцинира човештвото од најстари времиња. Но, дури во 20-тиот век се појавија и развија определени теории кои се обидуваат да ја објаснат природата на лидерите и лидреството.
Постојат бројни истражувања и теории кои го согледуваат лидерството од различни аспекти, кои до скоро, можеа да се сведат на три главни пристапи за проучување на лидерството: од аспект на карактерните црти(особините) што ги поседуваат успешните лидери, од аспект на утврдување на однесувањето што ги карактеризира успешните лидери и од аспект на ситуацијата (уште познат како пристап на контингенција), според кој ефективноста на лидерот зависи од ситуацијата во која се наоѓа тој, односно од задачите за извршување, способностите и очекувањата на подредените, организационото окружување,минатото искуство на лидерот и подредените, итн.
Покрај релативниот степен на прифаќање на ситуационата теорија и теоријата пат-цел иголемите достигнувања во истражувањата што биле спроведени, малкумина денес би се спротивставиле дека лидерството сеуште задава грижи. Лидерството моментално е нападнато од сите страни, од теориите што се однесуваат на него, истражувачките методи за нивно проучување и примена. На пример John Miner бил многу критичен кон теориите на лидерство и предвидел дека ќе бидат сосема напуштени, и од недамнешното широко испитување на традиционалните теории заклучил дека многу од тестовите кои воделе кон идентификување на модерните ефекти биле оценети како несоодветни, и поголемиот дел од резултатите од оваа област не биле повторени. Дошло времето на алтернативните теории, методи на истражување и апликациите во изучувањето на лидерството.
Во последните 20 години присутен е погледот на лидерството од аспект на трансакционото и трансформационото лидерство. Целта на сите овие истражувања е да се согледаат причините зошто некои лидери се поуспешни од други, односно што е тоа штонекои луѓе ги прави успешни лидери, за врз таа основа да се обучуваат и развиваат лидерите.Покрај ова, присутни се теориите за лидерот со харизма и ситуациите на супститути на лидерството. Разгледувањето на секоја од овие теории предвидува подобро разбирање на комплексниот процес на лидреството.
Б. ПЛАН НА ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА МАТЕРИЈАТА
Во оваа семинарска работа се обработени современите приоди кон лидерството, од кои се издвоени неколку, како најзначајни и најшироко прифатени. Најпрво е претставен приодот на лидерството од аспект на харизмата на лидерот како негова индивидуална карактеристика. Во овој дел е посветено внимание и на жените како успешни лидери во бизнисот и се наведени неколку примери за истите. Во вториот дел се прикажани трансакционото и трансформационото лидерство, со чија помош се согледуваат причините зошто некои лидери се поуспешни од други. И на крај се обработени супститутите на лидерството коишто се наоѓаат во: подредените, задачата и карактеристиките на организацијата, и влијаат на тоа однесувањето на лидерот во определени ситуации да не е важно за извршувањето на задачата.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET