Razliki i univerzalizam na liderskite pristapi vo megjunaroden kontekst (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Razliki i univerzalizam na liderskite pristapi vo megjunaroden kontekst (makedonski)". Rad ima 18 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Институт за социолошки и политичко – правни истражувања
Последипломски студии по менаџмент на човечки ресурси
Семинарска работа по предметот Водство
ТЕМА: Разлики и универзализам на лидерските пристапи
во меѓународен контекст
Ментор: Изработил:
Проф. д-р Васил Поповски Павлина Сековски
Скопје, декември 2009
СОДРЖИНА
Вовед..................................................................................................................................... 3 Лидерството во меѓународен контекст......................................................................... 4 Лидерството во Европа.................................................................................................... 4 Лидерството во Јапонија.................................................................................................. 6 Разлики помеѓу Јапонското и Американското лидерство............................................ 7 Лидерски пристапи во земјите во развој........................................................................ 10 Универзални карактеристики на лидерството........................................................... 12 Трансформациско и трансакциско лидерство............................................................... 12 Квалитети на успешните лидери.................................................................................... 15 Заклучок.............................................................................................................................. 17 Забелешки........................................................................................................................... 18 Користена литература...................................................................................................... 19 Вовед
Имајќи ја во предвид директната или индиректната поврзаност на лидерствтото со историјата, политичките и бихејвиоралните науки, јасна е тенденцијата во светот, на ова прашање да му се посветува сé поголемо внимание. Сепак, и покрај интересот за лидерството во подолг период, сеуште не постои општо прифатена дефиниција за тоа што всушност тоа претставува. Најчесто лидерството се сфаќа како процес на влијаење врз луѓето заради насочување на нивните напори кон постигнување на одредена цел. Важноста на лидерството во проучувањето на меѓународниот менаџмент е добро позната, но сепак, не постојат посериозни напори за систематско проучување на лидерските пристапи во светот. Најголемиот број на истражувања биле насочени кон одредена специфична земја или географска област.
Искуството покажало дека ефективниот лидерскиот пристап применет во одредена земја, не мора да даде еднакво добри резултати во некоја друга. Дури и во рамките на иста земја, ефективното лидерство зависи од специфичните услови во кои истото се применува. Сепак, како и во повеќето останати области од меѓународниот менаџмент, одредени лидерски стилови и практики ги надминуваат националните граници.
Две области кои даваат основа за проучување и разбирање на лидерството во меѓународен контекст се: 1) филозофската основа за тоа како лидерите гледаат на своите подредени; 2) лидерските пристапи рефлектирани преку користењето на автократско – партиципативните карактеристики и однесувањето на лидерите. Праксата покажала дека лидерските пристапи применувани во различни делови од светот меѓусебно се разликуваат во зависност од голем број на културални, социо – економски и други фактори.
Во овој семинарски труд даден е осврт на лидерските пристапи практикувани во неколку различни контексти и тоа: Европски, Јапонски, Американски, како и во земјите во развој. Целта е да се прикажат разликите меѓу лидерството во меѓународен контекст, но и да се истакнат оние аспекти кои се општо важечки за сите лидерски пристапи, односна имаат универзален карактер.
Лидерството во меѓународен контекст
Една од основните причини за разликите во однесувањето на лидерите е различната филозофија или верувања во однос на тоа како најефикасно треба да се насочуваат подредените заради остварување на поставените цели. Истражувањата покажале дека постојат сличности и разлики во однос на практикувањето на лидерството во различни држави, во зависност од културата на различните народи. Токму тие сличности и разлики ќе бидат анализирани понатаму преку неколку карактеристични примери на практикување на лидерството во меѓународен контекст.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET