Etika (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Etika (makedonski)". Rad ima 10 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“-СКОПЈЕ ИНСТИТУТ ЗА СОЦИОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКО-ПРАВНИ ИСТРАЖУВАЊА
ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ПО
МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
СЕМИНАРСКА РАБОТА
ПО ПРЕДМЕТОТ
МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
(ДЕЛОВНА ЕТИКА)
ТЕМА:
ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЕТИЧКИОТ КОДЕКС НА СЛУЖБЕНИЦИ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЈАВНИ НАБАВКИ
Ментори: Sтудент:
Проф. д-р. Мирјана Борота Ана Величковска
Декември 2010,
Скопје
Абстракт
„Што е тоа што деловната етика ја прави интересна и толку предизвикувачка? Дали е тоа што и како термин и како поим „деловната етика“ значи толку многу различни работи за толку многу различни области?“
Деловната етика тешко може да се дефинира на прецизен начин бидејќи за различни луѓе има различно значење, но во генерална смисла етиката е код на морални приципи и вредности кои го насочуваат однесувањето на поединецот или групата кон почитување што е правилно а што погрешно во делувањето на работното место при тоа мислејќи на ефектите од производството односно услугите кои се нудат и на односите со околината.
Често, деловната етика се поисоветува со општествената одговорност, затоа е важно да се напомене дека постои разлика помеѓу овие два сродни поима. Имено, општествена одговорност се однесува на ширење на организациската одговорност особено во однос на непосредното опкружување во кое што делува компанијата додека етиката се однесува на однесувањето на поединецот, раководено од вредностите.
Денес, етиката е важен дел од менаџментот на секоја компанија, асоцијација, здружение, претпријатие каде што за успешно спроведување на етиката во секојдневното работење се формираат Кодекси за примена на деловната етика.
„Кодекс е систематизиран збир на релативно прецизно формулирани морални норми на еден одреден морал, утврден со пишан акт, изготвен од луѓе кои се претставници на одредена група“ Всушност, тие ги дефинираат вредностите и етичките стандарди кои се наменети да го водат однесувањето на вработените. Најчесто се јавуваат во организации и професии како што се медицина, право, јавно сметководство, угостителство итн.
Предмет на овој семинарски труд е претставување на Етичкиот Кодекс на службениците задолжени за извршување на јавните набавки.
Клучни зборови: етика, етички кодекс, службеници
Вовед
Деловната етика претставува склоп на односи и инструкции за однесувањето на една организација кон средината во која делува, опфаќајќи ги односите внатре и надвор од неа. Секоја организација е еден своевиден систем на односи кои ја прават поразлична од сите останати во општеството. Наспроти ова, општеството со своите турбулентни промени допринесува за уште потешка адаптација за секоја организација. Волис и Пекел велат дека вниманието кон деловната етика е критично за време на фундаменталните промени, бидејќи вредностите кои претходно биле зададени повеќе не се почитуваат и се заменети со нови.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET