Еtički principi vо sоvеtuvаčkаtа prаktikа (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Еtički principi vо sоvеtuvаčkаtа prаktikа (makedonski)". Rad ima 7 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Институт за социолошки и политичко – правни истражувања
- Постипломски студии по менаџмент на човечки ресурси -
СЕМИНАРСКА РАБОТА
ТЕМА: Етички принципи во советувачката практика
Ментор: Изработил:
Проф. Д-р Мирјана Борота Поповска Павлина Сековска
Скопје, 2006
СОДРЖИНА
Вовед: 3
Етички кодекси развиени од професионални организации 4
Заклучок 7
Користена литература 8
ВОВЕД:
Советувачката пракса вклучува силна морална и етичка димензија. Јасно е дека една од клучните карактеристики на социјалните групи, во кои се востановени советувањето и психотерапијата, е искуството од живеењето во свет во кој е тешко да се одбере „вистинскиот“ начин на живот. Во општество во кое секуларизмот е во пораст, кога се доведени во прашање традицијата и авторитетот и коегзистираат различни морални и религиозни погледи, од индивидуите се бара да изградат гледишта различни од оние на претходните генерации. Во овој контекст неопходно е да се спомене фактот дека во современото општество моралните норми во поголем дел се интернализирани одошто екстернализирани. Бидејќи не живееме во заедници каде доминираат поединци и имајќи ги во предвид моралните кодекси, индивидуите мора сами да одлучуваат што е добро, а што лошо и сами да си одредуваат морална санкција (чувство на вина доколку се прекршени правилата).
Повеќето поединци кои одат на советување се соочуваат со морални дилеми како на пример: Да останам во брак кој ме прави несреќен? Да го родам бебето или да закажам абортус? Дали да признаам јавно дека сум хомосексуалец? Ова се чести проблеми во советувачката пракса бидејќи тие ги вклучуваат најосновните морални дилеми во врска со тоа што е добро, а што лошо.
Еден од фундаменталните принципи на повеќето пристапи во советувачката пракса е барањето од советувачот да завземе став на прифаќање и неосудување на постапките на клиентот. Воглавно, повеќето советувачи се согласуваат дека целта на советувањето е да им се помогне на луѓето сами да сфатат што е добро за нив, а не да им се наметне решение од надвор. Сепак советувањето како процес не го исклучува влијанието на советувачот врз клиентот. На крајот, клиентот кој посетувал советување ќе согледа дека советувачот влијаел врз изборот на решението на проблемот. Една од дилемите на советувачот е како да биде моќен и влијателен без да ги наметне своите морални вредности врз клиентот. Затоа, добрите советувачи треба да се свесни за моралните и етичките прашања кои можат да се појават за време на советувањето.
Етички кодекси развиени од професионални организации
Во табела 2 се прикажани извадоци од етичките кодекси на две големи професионални организации (BAC и AACD).
Табела 2. Доверливоста во етичките кодекси на BAC и AACD
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET