Lobiranje (Makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Lobiranje (Makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ ПО
МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
СЕМИНАРСКИ ТРУД
ПО ПРЕДМЕТОТ
ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
ТЕМА:
ЛОБИРАЊЕ
Ментор: Студент:
Проф. д-р. Весна Шопар Елена Неделковска
Февруари, 2010
Скопје СОДРЖИНА
I ВОВЕД................................................................................................................3
II ДЕФИНИЦИЈА ЗА ЛОБИРАЊЕ.................................................................... 4
III ВИДОВИ ЛОБИРАЊА................................................................................... 5
IV ЛОБИРАЊЕТО КАКО ПРОФЕСИЈА ................................................……… 7
V ЛОБИ ГРУПИ...................................................………..................................... 8
VI ЗАКЛУЧОК...................................................………...................... ………… 13
ЛИТЕРАТУРА
ВОВЕД
Лобирањето доаѓа од англискиот збор лоби и има повеќе значења. Основното значење е коридор, предворје, ходник.
Денес, најчестото значење е определено со терминот интересни групи и нивните претставници, чија цел е да се влијае на одлуката или мислењето на правно лице, или да се влијае на претставник /претставници на влста или корпорации, да се смени некое мислење, закон или измени на своите видувања и така да бидат од корист на оние за кои лобираат.Главната работа при проектите за лобирање е изучувањето на законодавството, следењето и анализата на политичките настани и анализирање на мрежите на интересните групи. Лобирањето е претставување на проблемите и градење на сојузи.
За многу непрофитни организации, поимот лобирање има, пред се, негативна конотација, или пак нему му се приоѓа со сомнителен интерес.
Некои луѓе дури и се плашат директно да им се обратат на донесувачите на одлуки, токму затоа што тие меѓусебно се оддалечени, а понекогаш дури граѓанскиот сектор и целосно го отфрла лобирањето.
Наједноставно кажано, лобирањето значи да се охрабри комуникацијата и адаптацијата; да се избегне стравот од успехот; или, пак, да се охрабри модификацијата на законите и регулативите – на локално, национално, па дури и на меѓународно ниво. Лобирањето подразбира давање мислења и сугестии, информирање и комуницирање со донесувачите на одлуките, со интенција да се влијае позитивно на нив, што пак значи остварување контакти со влијателни луѓе, односно со оние кои ги носат законите и правилата; остварување комуникација со надеж за искажување на граѓанските размислувања; разрешување аргументи од страна на опонентите и давање огромна поддршка за проблемот.
Дефиниција за лобирање
Околу дефиницијата за лобирање нема заеднички пристап. Според Оксфордскиот речник lobby е голема просторија отворена за јавноста, особено за среќавање на парламентарци и други лица. Webster dictionary го дефинира лобирањето како обраќање на членовите на парламентот со цел да се влијае на законодавството.
На прашањето дали лобирањето е дел од односите со јавноста експлицитно одговара дефиницијата на S.Cutlip, A.Center и G.Broom во книгата „Односи со јавноста“ каде лобирањето го дефинираат како „специјализиран дел од односите со јавност чија цел е воспоставување и одржување на односите со власта, особено со цел да се влијае врз донесување на закони и акти“. Авторите на оваа дефиниција се PR професионалци и професори по односи со јавност, па и затоа е логично ваквото дефинирање на лобирањето.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET