Krv (Makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Krv (Makedonski)". Rad ima 19 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

 Универзитет Гоце Делчев ВЗШ - ЛАБОРАНТ
СЕМИНАРСКА РАБОТА
ПО ПРЕДМЕТОТ
Физологија со функционална анатомија
Тема на семинарската работа:
КРВ
Предметен наставник:
Проф.Др.- Стеван Петрушев
Симона Крстевска,
бр. инд. 11432
simon4e_cat@hotmail.com
Вовед
Изградена е од крвни клетки : еритроцити, леукоцити и тромбоцити и течен дел наречен плазма. Плазмата содржи 90-92 % вода, а еритроцитите 60-67%. Волуменот на крвта кај возрасно лице изнесува 5 литри, човек со телесна маса од 70кг има 5-6 литри крв.
Количината на крвта зависи од возраста, полот, телесната градба и редица други фактори. Децата имаат релативно повеќе крв во споредба со возрасните. Кај новородените 14-15% од телесна маса отпаѓа на крв, на возраст од 1 година тој процент изнесува 11%, а во периодот на пубертетот 7%. Кај стари луѓе количината на крвта е релативно најмала. Жените во споредба со мажите имаат помала количина на крв. Кај мажите, на килограм телесна маса, на крвта отпаѓа 76-80мл, а кај жените 68-70мл.
Крвта има многубројни функции во организмот : Транспортна, хуморална, заштитна и хомеостатска функција. Крвта непрекинато комуницира со сите клетки, органи и ткива и претставува регулатор на хомеостатската хармонија на организмот.
Во нормални услови целата количина крв не циркулира низ крвните садови. Еден ден од крвта се наоѓа складирана во т.н крвни депоа (резервоари) или депо органи (хепар, лиен, кожа). Складираната крв ги напушта овие органи во случај кога организмот врши физичка работа или доколку дошло до крвавење (повреди, операции). Губење на ½ - 1/3 од вкупната количина на крв претставува опасност по живот.
Физиолошки функции на крвта
Крвта во човечкиот организам врши бројни и разновидни функции:
Транспортна функција – Преку крвта се пренесуваат хранливи материи, гасови, продукти на метаболизмот, витамини, ферменти, хормони, медијатори, електролити и други материи.
Транспортната функција можеме да ја поделеме на три основни потфункции :
Нутритивна функција
Нутритивната функција се состои во пренесување на ресорбираните хранливи материи од дигестивниот тракт до сите ткива и органи во организмот.
Екскреторна функција
Екскреторната функција на крвта се состои во транспортирањето на крајните продукти на метаболизмот (уреа, мочна киселина) и вишокот на електролити и водата од ткивата до екскреторните органи (бубрези, црева, потни жлезди, бели дробови).
Респираторна функција
Респираторната функција се состиои во пренесувањето на килсород од белите дробови до ткивата и јаглероден диоксид, од ткивата до белите дробови.
Хуморална функција – Крвта како течно ткиво обезбедува течна врска меѓу ткивата и органите во организмот. Минувајќи низ различни ткива и жлезди со внатрешно лачење, таа ги прима хормоните и бројни физиолошки активни метаболички материи. Овие материи ја регулираат активноста на голем број органи во организмот, било да ја стимулираат или да ја кочат нивната активност.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET