Karcinom na crn drob - Hepatocelularen karcinom (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Karcinom na crn drob - Hepatocelularen karcinom (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Вовед
Најголема жлезда во човековото тело е црниот дроб.Се наоѓа позади ребрата,во горниот десен дел од абдоменот.Изграден е од две дела т.н лобуси: десен и леб лобус. Најважната функција на црниот дроб е продукција на жолчка,која е неопходна за разградувањето на мастите,а помага и со апсорпција на супстанциите растворливи во масти,вклучувајки ја апсорпција и на витамините А,Д,Е и К.
Сл.1 Анатомија на црниот дроб (hepar)
Хепапоцелуларен карцином
Најчест карцином на црниот дроб е хепатоцелуларниот карцином. Хепатоцелуларниот карцином примарно настанува во црниот дроб и се јавува како последица на малигна трансформација на хепатоцитите ( клетки на хепарот).
-Регистрирани случаи на хепатоцелуларен карцином
85% од сите регистрирани случаи се забележани во регионите на Источна и Југоисточна Азија ,Африка, ( каде хепатитиц Б вирусот е ендемичен).
Причината за појавата на хепатоцелуларниот карцином не непозната . Заболувањето најчесто се јавува како резултат на физички,хемиски и биолошки предизвикувачи.Постојат ризик фактори кои што ја зголемуваат појавата на хепатоцелуларниот карцином кај некои луѓе.Како прв причинител за појавата на хепатоцелуларниот карцином е хепатитис Б вирусот и внесувањето на микотоксичен токсин-алфатоксин.Затоа кај ваквите лица кои се заболени од хепатитис Б вирусот ризикот за развој на хепатоцелуларен карцином е голем. Симтомите и знаците на ваквото малигно заболување се притени и подмолни,и неспрецифични.Токму поради оваа карциномот на црниот дроб уште се нарекува и тивка болест.Со растењето на туморот се јавуваат и симтомите на болеста.
Други причини за појавата на хепатоцелиларниот карцином се
-возраста-Претставува малигно заболување кое ја зафаќа постарата популација.Се јавува на над возраст од 60 год.
-пол-почеста застапеност на хепатоцелуларниот карцином е кај мажите. Причината за ваквата разлика се смета дека е во врска со поголемата изложеност на машката популација на вирусните и хемиските етиолошки агенси како и различната чувствителност на нив, која е генетска или стекната.
-генетски фактори-кај кои некој од членовите од семејството боледува од карцином на црниот дроб, имаат поголем ризик за појава на ова малигно заболување.
-фактори на средината(хепатит и алфа токсин)- географски разлики во однос на зачестеноста на хепатоцелуларниот карцином укажуваат на важноста на факторите на средината во настанувањето на ова малигно заболување.На прво место меѓу нив е инфекцијата со хепатитис Б вирусот (HBV) и внесувањето на микотоксичниот токсин - афлатоксин. Хепатит Ц вирусот е, исто така, еден од можните причинители за хепатоцелуларниот карцином. Еден дел од пациентите со хепатоцелуларен карцином, кои не се поврзани со хепатит Б вирусот, се поврзани со хронична инфекција со хепатит Ц вирусот.
-цироза на црн дроб и алкохолизам-цирозата се јавува поради екцесивното конзумирање на алкохол,поради долготрајна примена на лекови,при изложеност на некои хемикалии,при инфекција на црн дроб со некои вируси или паразити.При аутопсија на ваквите пациенти покажало пристуство на хепатоцелуларен карцином во 10% до 55%.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET