Histoloska gradba na dusnik i grklan (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Histoloska gradba na dusnik i grklan (makedonski)". Rad ima 9 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет Гоце Делчев ВЗШ - ЛАБОРАНТ
СЕМИНАРСКА РАБОТА
ПО ПРЕДМЕТОТ
Хистологија и ембриологија
Тема на семинарската работа:
Грклан и душник
Вовед
Респираторниот систем ги опфаќа органите вклучени во елиминација на јаглерод диоксид и преземање на кислород.
Респирацијата е единствен процес преку кој организмот се снабдува со кислород неопходен за метаболитичките процеси во клетките и се отрстранува јаглеродниот диоксид како краен продукт на метаболитичките процеси. Респираторниот систем го сочинуваат два функционални различни делови : респираторен и спроводен дел
Респираторен дел (алвеоли, алвеоларни ходници и респираторни бронхиоли) за размена на гасови.
Спроводен дел (носна празнина, назофаринкс, орофаринкс, ларинкс, трахеа, претерминални и терминални бронхиоли) за чистење, влажнење и пренос на воздухот.
Загревањето и влажнењето на воздухот се остварува преку крвните садови
Филтрацијата и чистењето се остварува преку носните влакненца и носната слузница.
Функција :
Респирација (размена на гасови)
Влажнење, загревање, филтрација на воздухот
Спроведување на воздухот
Грклан (larynx)
Гркланот е цевка која што ги поврзува голтката со дишникот. Изграден е од хијалина и еластична рскавица кои се поврзани со лигаменти и влакна од скелетните мускули. Во него се разликуваат 3 слоја : внатрешен, среден и надворешен.
Внатрешен слој:
Слузница – епителот е повеќереден цилиндричен епител со трепки кои се наоѓа над вистинските гласни жици. Трепките со нивното треперење до гркланот ја отстрануваат слузта и прашината. Изградени се од лимфни фоликули кои имаат имунолошка улога и грклански жлезди кои ја влажнат слузницата.
Кај вистинските гласни жици ламина проприја се состои од дебели еластични влакна. M. Vocalis се припојува за вокалниот продолжеток на аритеноидната и тироидната рскавица и за средната линија на штитната рскавица.
Со неговата контракција и релаксација се менува ширината на пукнатините помеѓу гласните жици – rima glottides, со кое се остварува фонацијата (говорот).
Во лажните гласни жици нема мускулни влакна, тие не учествуваат во фонацијата туку имаат улога во остварувањето на звучните резонанца.
Средишен слој :
Гркланските рскавици во некои делови се хијалини, а после пубертетот окоскуваат и со тоа стануваат полесно кршливи., а во другите делови рскавиците се еластични и не окоскуваат.
Гркланските мускули се од типот на напречно - пругасти мускули. Надворешниот дел учествува во процесот голтањето, а внатрешниот овозможува нормален говор.
Надворешен слој:
Адвентиција е надворешниот слој на гркланот. Изградена е од ретко сврзливо ткиво и го спојува гркланот со соседните органи.
Гркланско капаче (epiglottis)
При голтање епиглотисот се свиткува назад и го затвара ларингеалниот отвор, со што го спречува влезот на храната во дишните патишта. Епиглотисот е обложен со многуслоен плочест епител. Скелетот е сочинет од еластична рскавица обвиткана со слузница. Ламина проприја е од ретко сврзливо ткиво кое е опкружено со мешовити жлезди, крвни и лимфни садови и нервни влакна.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET