Hemoglobin (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Hemoglobin (makedonski)". Rad ima 10 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет ,,Гоце Делчев” Штип
Медицински факултет
Општа медицина
Ментор, Изработил,
Рубин Гулабоски Натали Илиеска
МФ 5 15478
Хемоглобин
Хемоглобинот – белковина во црвените крвни зрнца кои се одговорни за транспортот на кислород и јаглерод диоксид во телото.
Хемоглобинот преставува протеин кој е составен дел на крвта на човекот и животните. Во крвта се наоѓа во еритроцитите (црвени крвни зрнца) или како слободен во плазмата. Но, кај луѓето обично се наоѓа во еритроцитите бидејќи единствено така може да остане во крвотокот.
Инаку, слободниот хемоглобин во плазмата на човекот би ,,истекол,, низ капиларниот или гломеруларната мембрана (бубрег) надвор. Хемоглобинот во крвта има три основни функции.
Првата функција на хемоглобинот е да во процесот на дишењето, во плуќата за себе ги врзува молекулите на кислородот, за да потоа во ткивото ги отпушти. Ова е основната и најважна физиолошка функција на хемоглобинот.
Втората функција му е да ги врзува молекулите на јаглен диоксид кои после се отпуштаат од плуќата.
Третата, важна функција на овој спој е таканаречена функција ,,пуферска,, чија улога е да го одржува константно Р во ткивата.
Синтеза на хемоглобинот
Синтезата на хемоглобинот почнува во еритробластите и продолжува се до стадиумот на ретикулоцитите кои кога ја напуштаат коскената срж и влегуваат во крвотокот, продолжуваат со правење на мали количини на хемоглобин уште еден или два дена. Процесот се одвива така што сукцинил СоА, со глицинот формира пиролов прстен. Потоа четири пиролови прстени формираат прото порфирин IХ кој со железото ја формира молекулата хема.
На крајот секоја молекула хема со глобинот, долг полипептидниот синџир синтетисан на рибозом, формира субединица на хемоглобинот-хемоблобински синџир. Секој од овие синџири има молекуларна маса од 16.000. Четири вакви синџири лесно се врзуваат во еден синџир на хемоглобинот.
Најзастапен вид на хемоглобин кај возрасните луѓе е хемоглобинот А, кој се состои од два алфа и два бета синџири. Хемоглобинот А има молекуларна маса 64.458.
Секој од нив содржи по една простетична група (хем), така што во молекулата на хемоглобинот има исто така и четири хема.
Состав на еритроцитите
Најважниот состав на еритроцитите е хемоглобинот кој сочинува 90% од сите цврсти делови на еритроцитот. Количината на хемоглобин е од 12,5-17 г. Во 100 см³ крв. Неговата улога е да го пренесува кислородот со помош на лабави врзувања со железото.
Најважен составен дел на еритроцитите е хемоглбинот, кој и дава боја на крвта и изнесува 33% од неговата маса.
Во еден литар крв на маж има 160 грама, а во литар крв на жена има 140 грама хемоглобин. Составен е од белковини на глобинот и бојата на хема кој содржи железо.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET