Funkcii na kosken sistem (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Funkcii na kosken sistem (makedonski)". Rad ima 10 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
Висока здравствена школа- Физиотерапевт
Функции на коскениот систем
Семинарска тема по предметот: Анатомија
Ментор: Изработил:
Штип,
Декември, 2010
Содржина:
Вовед............................................................................................................3
Главен дел...................................................................................................4
Користена литература.................................................................................8
Вовед
Коскениот систем има неколку основни функции:
Потпорна
Заштитна
Локомоторна
Произведување на крвни зрнца
Резервоар на минерали
Ендокрина регулација
Главен дел
Науката која се занимава со проучување на коскениот систем се нарекува остеологија. Сите коски заедно, кои се споени со помош на зглобови, го градат скелетниот систем. Коската (os), претставува најцврст орган во човечкиот организам. Со својата функција обезбедува стабилност и отпорност на притисоците (presio) и истегнувањата (tractio), кои доаѓаат како од внатрешни, така и од надворешни сили, на кои човечкиот организам е подлежен во текот на целиот свој живот. Формата и функцијата на коските зависи една од друга, бидејќи е условена од нејзината местоположба. Оттука и некои коски се поцврсти, а со тоа и поотпорни на негативните надворешни влијанија кои настојуваат да го променат нивниот интегритет, а други коски се помалку цврсти, а со тоа и помалку отпорни на негативните влијанија. Сите коски (освен подјазичните) меѓу себе се зглобуваат. На тој начин, формираат сегментарна целина, неопходна за живот и работа. Се разбира и покрај својата нагласена цврстина, сепак коските имаат и определена пластичност и еластичност. Овие својства не се еднакви кај сите коски. Тие главно зависат од возраста, полот, местоположбата, конституцијата, физичката активност, заболувања и др., односно од тоа, дали е завршена осификацијата. Овој процес кај сите коски и кај секој поединец не се одвива истовремено, туку по одреден редослед. Поаѓајќи од нивната должина, форма, широчина и дебелина, коските можат да се поделат на долки, кратки и плоснати. Сите тие, во рамките на локомоторниот апарат имаат своја специфична улога. Покрај тоа, во секоја од нив, постојано се одвива процесот на разградување на стари и создавање на нови коскени клетки. Тоа, најдорбо може да се согледа преку Волфовиот закон, кој гласи: ,,Со формата на коските може да се определи нивната функција, меѓутоа, со промената на функцијата, исто така може да се измени и нивната форма“.
Потпорна функција: важна функција на коскениот систем е обезбедување на потпорна рамка која му дава форма и цврстина на телото. Слично како и челичните столбови на зградите, коските обезбедуваат рамка околу која е изградено телото. Без овој вид на структура човековото тело би се срушило, односно ќе дојде до компресија на другите органи, а со тоа ќе се изгуби и нивната функција. Исто така скелетот обезбедува површина за припој на мускулите.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET