Drogi so feniletilaminski i piridinski alkaloidi (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Drogi so feniletilaminski i piridinski alkaloidi (makedonski)". Rad ima 18 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП
ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ
СТУДИСКА ПРОГРАМА : ФАРМАЦИЈА
Семинарска работа по предметот Фармакогнозија
Тема: Дроги што содржат пиридински и фенилетиламински алкалоиди
Ментор: Изработил:
Проф. Д-р Ленка Цветановска Драгана Митева
ШТИП, АПРИЛ 2014
СОДРЖИНА
Вовед ..................................................................................................... 3
Дроги што содржат пиридински алкалоиди ....................................... 6
Arecae semen – семе од арека (палма бетел) ......................... 6
Nicotianae folium – лист од тутун ................................................ 8
Anabazidis herba – херба од анабазис ..................................... 11
Дроги што содржат фенилетиламински алкалоиди ....................... 13
Ephedrae herba – херба од ефедра ......................................... 13
Capsici fructus – плод од лута пиперка .................................... 15
Заклучок .............................................................................................. 18
Користена литература ....................................................................... 19
ВОВЕД
Поимот “алкалоид” означува природна состојка што реагира слично на база (алкалија), а за прв пат е воведен од Мејснер во почетокот на XIX век, кој така ги нарекол базните супстанции изолирани од семето на сабадила. Основна карактеристика на сите алкалоиди е присуство на азот во молекулот што е носител на базните својства, а кој биосинтетски потекнува од определена аминокиселина. Оттука, произлегува дека алкалоидите се сложени секундарни метаболити што во растенијата се создаваат како продукти на метаболизмот на одредени аминокиселини. Денес се користи терминот правилни (вистински) алкалоиди за соединенија што настануваат од аминокиселини и кај кои азотот е дел од хетероцикличниот прстен. Тоа се сложени соединенија кои покажуваат значајни фармаколошки активности. Во растенијата се јавуваат најчесто како соли растворени во клеточниот сок.
Во нашата семинарска работа по Фармакогнозија, како предмет на проучување беа една посебна група на дроги кои содржат алкалоиди, а тоа се дроги кои што во својот состав содржат пиридински алкалоиди, т.е. деривати на никотинската киселина и дроги што содржат фенилетиламински алкалоиди или дериватите на фенилаланин и тирозин.
Пиридинските алкалоиди се деривати на никотинската киселина. Опфаќаат мал број структури од кои позначајни се следниве:
Ареколин, арекаидин, гувацин и гуваколин (Areca catechu L., Palmae);
Никотин (Nicotiana tabacum L., Solanaceae);
Анабазин (Anabazis aphylla L., Chenopodiaceae) и др.
Најголемо значање има никотинот. Претставува маслена течност со изразена хигроскопност. Настанува како продукт на метаболизмот на никотинска киселина и орнитин. Во растителното ткиво се наоѓа во облик на сол со лимонска киселина. Многу е токсичен и не наоѓа примена во тераписки цели. Се користи како силен инсектицид и антипаразитик во ветеринарната медицина. Значаен е како појдовна супстанца за добивање на никотин амид и никотинска киселина. Слично на никотинот и анабазинот нема примена во терапијата. Се употребува како контактен инсектицид и антипаразитик во ветеринарната медицина. Како и никотинот, анабазинот претставува прекурсор за добивање на никотинска киселина и никотин амид. Ареколинот е парасимпатомиметик, кој дејствува врз мускаринските рецептори, а во поголеми дози и врз никотинските. Предизвикува вазодилатација, хипотензија, брадикардија, го зголемува тонусот на перисталтиката на интестинумот, ја зголемува секрецијата на плунката и на ендокрините жлезди. Ареколинот нема примена во хуманата медицина, бидејќи се користи како антихелминтик во ветеринарната медицина.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET