Malarija (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Malarija (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ЕПИДЕМИОЛОГИЈА
ТЕМА: МАЛАРИЈА
Содржина
Вовед................................................................................................................3
Симптоми.........................................................................................................4
Начин на пренесување на маларијата..........................................................5
Дијагноза..........................................................................................................7
Распространетост...........................................................................................8
Мерки и превенција за сузбивање...............................................................10
Терапија.........................................................................................................11
Заклучок.........................................................................................................12
Користена литература..................................................................................13
Вовед
Маларијата е инфект ивна болест што ја предизвикува мал паразит наречен Plasmodium. Има вкупно четири видови од овој паразит и секој има свои специфичности, без оглед дали се работи за реакцијата на медикаменти или според локацијата во организмот по инфекцијата, но и според ефектите што ги има по здравјето на човекот.
Plasmodium falciparum е вид кој географски се простира во тропските и субтропските подрачја, односно околу Екваторот. Инфекцијата со овој паразит може да го загрози животот на заболениот во текот на неколку дена од влегувањето на паразитот во организмот, а кај паразитот постои отпорност на повеќето достапни медикаменати, така што терапијата мора да биде комбинирана.
Plasmodium vivax, P. malariae и P. ovale се останатите видови, кои не се толку опасни за човекот. Постојат примери на успешно закрепнување по еден месец, дури и без лекување со признати медикаменти. Можат да се најдат во сите тропски региони во светот, со исклучок на Plasmodium ovale кој е најден само во западна Африка. Plasmodium vivax и P. malariae можат да се сместат во црниот дробна човекот, што може да предизвика дополнителни компликации и да бара дополнителен медицински третман.
Преносник на овој паразит, а и на самата болест, е женката од еден вид тропски комарец - Anopheles, која со убод го внесува паразитот во човекот. Бидејќи ларвите на комарецот сè до излегувањето од лушпата се наоѓаат под вода, главно во мочуришта , маларијата е најраспространета во мочуришните подрачја. Паразитот се размножува во црените крвни клетки, и ги предизвикува симптомите, а во најтешките случаи предизвикува кома и смрт.
Клучни зборови: Plasmodium , Anopheles , спорозоити, превенција, терапија.
Симптоми
Во зависност од видот на паразитот од родот Plasmodium и времето на инкубација, првите симптоми можат да се јават 7-14 дана или дури и 8-10 месеци по внесувањето на паразитот. Тоа многу зависи и од имунитетот, па можат да се забележат и случаи на потполн имунитет, кој е стекнат со текот на времето. Симптомите карактеристични за маларија се : зголемена телесна температура, главоболка, замор, болка во мускулите и др. Циклуси на треска, висока температура и потење кои се повторуваат секој еден, два или три дена се типични за оваа болест. П онекогаш може да се појават и малку поинакви знаци како што се повраќање, дијареа, кашлица, и пожолтување (жолтица) на кожата и белките на очите поради уништување на црвените крвни клетки и клетките на црниот дроб.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET