Znacenje na holesterolot (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Znacenje na holesterolot (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
УНИВЕРЗИТЕТ ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - ШТИП
ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ
СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ
ОСНОВИ НА БИОХЕМИЈА НА ТЕМА:
ЗНАЧЕЊЕ НА ХОЛЕСТЕРОЛОТ
Ментор: Изработила:
Штип, Декември 2011
Содржина
1. Вовед......................................................................................................................... 2
2. Холестерол................................................................................................................ 3
3. Метаболизам на холестеролот................................................................................ 4
4. Улога на холестеролот во организмот..................................................................... 6
5. Видови холестерол.................................................................................................... 6
6. Последици од зголемено присуство на холестерол во организмот...................... 7
6.1. Атеросклероза.............................................................................................. 7
6.2. Камен во жолчното кесе.............................................................................. 8
7. Заклучок.................................................................................................................... 10
Користена литература................................................................................................. 11
1. ВОВЕД
Стероидите (стеролите) се специфични соединенија кои во природата се многу распротранети, а генетски се поврзани со трепените. Имаат многу важна улога во животните процеси. Тие содржат јаглероден скелет на циклопентаноперхидрофенантрен.
Слика 1. Циклопентаноперхидрофенантрен
На сликата 1. R’ и R” кај повеќето стероиди се меил групи а кај некои јаглеродни низи, додека Х е хидроксилна група (кај стероли и стерини) или кето група.
Прстените А/В, В/С и С/D можат да бидат кондензирани во –цис или –транс позиција при што се мисли на меѓусебната положба во просторот на атомите или атомските групи кои се наоѓаат на заедничките С атоми што одговараат на двата соседни прстени.
Природните стероиди се оптички активни и содржат неколку асиметрични С атоми, но секој природен стероид има своја потполно одредена конфигурација.
Во стеродите спаѓаат и стеролите (или стерини), полови хормони, хормони на надбубрежната жлезда, агликони, жолчни киселини, сапонини и стероидни алкалоиди.
Стерините (стеролите) содржат хидроксилна група во положба 3. Најважен стерол е холетеролот кој се наоѓа во сите клетки (одобено во нервните и во мозочните) и е состојка во жолчните камења. Организмот на човекот просечно содржи преку 100 грама холестерол.
2. ХОЛЕСТЕРОЛ
Името холестерол потекнува од грчкиот збор chole (жолчка) и stereo (солидна) и хемиски суфикс -ол за алкохол. За прв пат холестеролот е идентифи-ван во жолчен камен во 1769 година од страна на François Poulletier de la Salle.
Холестеролот е најраспространетиот стерол во организмот. Во поглед на хемиската структура холестеролот како и сите стероли содржи јаглероден скелет на циклопентаноперхидрофенантрен со –ОН група на третиот С атом, -цис ориентирана во однос на =СН3 групата на С10 атомот и странична низа од 8 С атоми.
Слика 2. Холестерол
Холестеролот има суштинско значење како структурна компонента на клеточните мембрани на цицачите. Тој е важна компонента за производство на жолчните киселини, стероидните хормони и витаминот Д. Холестеролот е главен стерол кој се синтетизира од животните, но мали количини можат да се синтетизираат и во други еукариоти како растенија и габи. Холестеролот речиси целосно отсуствува меѓу прокариотите вклучувајќи ги бактериите. Иако холестеролот е важен и неопходен за цицачите, високото ниво на холестерол во крвта може да предизвика оштетување на артериите и болести поврзани со кардиоваскуларниот систем (болеси на срцето).
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET