Tečni farmacevtski preparati (Makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Tečni farmacevtski preparati (Makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
ВОВЕД
Течните фармацевски форми се популарни фармацевтски препарати кој во вкупната потрошувачка на лекови учествуваат со околу 15%. Претставуваат едни од најстарите форми на лекови .Овие препарати се наменети за перорална,дермална,парентерална употреба или за употреба во разни телесни шуплини.Течните фармацевтски форми наоѓаат терапевтска примена за:
Локално делување во телесните шуплини,дерматиката итн
Системско делување,перорално,меѓутоа и многу често и за брзо делување на пр.парентерално ординирани,
Системско,како модифицирано ослободување.
Овие препарати претставуваат раствори,суспензии,емулзии но исто така ги среќаваме спакувани и како таблети,прашоци или гранули,од кои пред употреба се подготвува конечната течна форма,препаратот. Овие препарати ги поседуваат следниве карактеристики:
Предности: можно релативно точно делување,посебно со капки,брзо делување,парентерална апликација.
Недостатоци: непрактична амбалажа за транспорт и складирање,кршлива амбалаж,релативно краток период на стабилност(исклучок стерилните раствори).
Покрај многубројните течни фармацевтски препарати,спагаат и :
-Водени раствори
-Слатки раствори
-Неводени раствори
ВОДЕНИ РАСТВОРИ
Водени раствори претставуваат раствори кај кои главен солвенс е водата. Се изработуваат така што растворливата супстанција се додава во водата(солвенсот)и со постојано мешање се раствара во неа. Во оваа група раствори спаѓаат:
ВИСТИНСКИ РАСТВОРИ
Водени вистински раствори претставуваат хомогени мешавини кои се изработуваат со растворање на гасовита течна или цврста супстанција во вода,во кои растворената компонента се наоѓа во вид на јони или молекули. Се среќаваат како раствори за : перорална употреба и како раствори за надворешна употреба.
Примери: За перорална употреба:Iodi solutio aquosa 5 %,Ph.JUG.4
За надворешна употреба:Formaldehydi solution saponata,Ph.JUG.4
АРОМАТИЧНИ ВОДИ(AQUAE AROMATICAE)
Ароматичните води,познати уште како лековити води,претставуваат бистри,заситени водени раствори на етерични масла или други испарливи супстанции.Во принцип тие се употребуваат како коригенси на мирисот,во изработката на некои препарати или како ароматични конституенси.Супстанциите носители на аромата мора да се со фармацевтски квалитет. Ароматичните води општо можат да се групираат како: ароматични води и лековити води.
Изработката на ароматичните води е можна на неколку начина,и тоа со:
Растворување: испарливата супстанција и прочистената вода се матат 15min,се остава да одстои 12h,потоа се филтрира и се дополнува со прочистена вода до 1000ml.
Дестилација: постојат повеќе начини за изработка на ароматични води со дестилација,на пр: -односот дрога⁄дестилат варира:
свежа дрога(1дел свежа дрога за 2 дела дестилат)
сува дрога(1 дел дрога за 10 дела дестилат)
сува лисната дрога(3 дела сува дрога за 10 дела дестилат)
-за изработка на лековитите и ароматичните дроги се употребува провриена,прочистена или дестилирана дрога во нешто поголема количина од пропишаната.
Примери:Aqua menthae piperitta
САТУРАЦИИ(SATURATIONЕS)
Претставуваат раствори презаситени со јаглен диоксид. Се добиваат со растворање во вода на некои органски киселини(лимонска,винска,аскорбинска итн)и некои хидроген карбонати или карбонати на натриумот или калциумот,во еквивалентни количини.Се подготвуваат директно во реципиенти со дебели зидови,одвагувајќи ги прво пропишаните компоненти,а на крајот се додава водата и веднаш добро са затвора.Порано се употребувале за освежување со додавање на некои помошни средства за корекција(мирис,вкус,боја итн). Се пакуваат во добро затворени стаклени реципиенти. Денес не претставуваат интерес,со оглед на тоа дека индустриски се произведуваат разни шумечки прашоци,гранули или таблети.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET