Metalografija (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Metalografija (makedonski)". Rad ima 9 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Вовед
Микроструктура
Легурите со ист состав ( компоненти) можат да имаат многу различни својства,а голема улога во тоа има нивната МИКРОСТРУКТУРА.
Микроструктурата на легурите е одредена преку постапките на добивање на легури(пр.Одливци) и постапките за обликување , топлинската обработка и др.
Микроструктурата на легурите ја опишува големината и обликот на кристалните зрна во различни фази, нивната ориентација и распоред.
МЕТАЛОГРАФИЈА
Металографијата е дел од науката за металите и легурите која се бави со врската помеѓу дијаграмот на состојба , структурата и особините на металите и легурите. Нејзина задача е да при одреден хемиски состав, од прегледот на макро и микроструктурата, однепред да ги процени својствата и однесувањето на металите или лгурите и да укаже на најповолната структура за процес на преработка или примена. Металографските испитувања се применуваат при сите случаеви на приемни, тековни или завршни контроли со цел да се провери квалитетот или да се уочат евентуалните грешки.
Металографските испитувања најчесто се дополнуваат со останатите видови на испитувања со разорување и без разорување, со што се добива комплетна слика за состојбата на металите и легурите.
Техники на металогарфско испитување
За металографските испитувања потребен е примерок кој одговара на материјалот што се испитува, металографски примерок. Тој се користи за одредување на структурната градба која е основ за познавање на својствата и показател за текот на некој технолошки процес на обработка.Макроскопските и мокроскопските испитувања се изведуваат на нагризени и ненагризени шлифови, зависно од потребата, а во посебни случај се користи и ф ото снимање заради комплетирање на документацијата.
Припрема на металографски избрусени примероци
Со цел изработка на поквалитетен потребно е да бидат применети следните фази за припрема-
Исечување на примерокот. По визуелниот преглед на деловите и материјалите кои ќе се испитуваат се избира местото каде треба да биде изрежан примерокот за изработка на микро примерок, во зависност од целта на испитувањето. При сечењето на примерокот(механичка и термичка метода) особено треба да се внимава да не дојде до структурни промени поточно при припремата на примероците со висока каливост(челик со зголемена количина на јаглерод и сл.). Примероците од многу тврди и крти материјали најчсесто се земаат со откршување со удар на чекан. Металографскиот примерок треба да има рамна и мазна површина при што висината на примерокот треба да биде помала од ширината и должината , со заоблени рабови за да не дојде до оштетување со брусењето и полирањето(брусна хартија и сл.)
Брусење на примерокот. При понатамошната припрема на исечениот примерок а, со цел да се добие чиста и мазна површина н еопходно е да се направи брусење. Најпрво се прави грубо брусење(турпии или брусалици), а потоа со помош на брусна хартија до саканата рапавост. При брусењето треба да се обрне внимание да не дојде до загревање на примерокот заради што е потребно ладење особени при машинското брусење при кое примерокот може да се загрее до многу висока температура. Примерокот не треба да се притиска, бидејки на тој начин повеќе се загрева и металот пластично површински се деформира што може да доведе до промена на микроструктурата.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET